Во Германија треба да се воведе трет пол
8 ноември 2017Германскиот Уставен суд оцени дека трансродовите лица, кои не се ниту мажи ниту жени, треба да добијат можност за воведување на својот полов идентитет во матичната книга на родени. Во образложението на пресудата на уставните судии се укажува на личните права. Тие го заштитуваат половиот идентитет и на оние кои себеси не се гледаат ниту како мажи ниту како жени. Освен тоа, како што се додава, постоечкиот закон за матична евиденција е спротивен на забраната за дискриминација.
Според Уставниот суд, законодавецот сега има време од една година да донесе нова регулатива, во која освен „машки“ и „женски“ пол, ќе стои и на пример „транс“, „различен“ или друг „позитивен“ опис на полот.
Уставниот суд расправаше и донесе одлука, откако трансродово лице поднесе барање неговиот пол да биде впишан во матичната книга како „транс“ или „различен“. Лицето било впишано како лице од женски пол. Од анализата на хромозомите направена со цел да се докаже дека не е девојче, произлегува дека лицето не е ниту жена ниту маж. Тужбата на лицето беше одбиена на пониските судски инстанци.